Година: 1993-та. Во Чикаго Булс сите биле во шок од одлуката на Мајкл Џордан да ја напушти кошарката за да му се посвети на бејзболот.
Истата година од Европа пристигнал Тони Кукоч, неверојатен и елегантен хрватски дебитант, кој за кусо време им станал симпатичен на колегите, ама и необичен со навиките. Доволен бил само еден ручек заедно со Стив Кер за да му ги научат ритуалите надвор од паркетот.
„Беше попладне на првиот натпревар од сезоната, онаа кога тој дебитираше во НБА. Околу 3 часот, на околу 4 часа пред мечот, отидов да го прашам Тони дали сака да одиме на закуска. Тој почна да нарачува сè. Предјадење, главно јадење, месо, вино, а потоа ручекот го заврши со тирамису и еспресо“.
Кер бил зачуден и му кажал дека обично пред натпревар се јаде пилешки стек или порција тестенини, па го го прашал да не претерува малку со нарачките, бидејќи за неколку часа им следува натпревар.
„За мене ова е нормално. Во Европа обично јадеме многу и пиеме вино, потоа се враќаме во хотел па одиме на натпревар“, му одговорил Тони.
Оди па забрани му ако му е слатко на човек кој уште во првата НБА сезоната имаше учинок од 10,9 поени по натпревар, 4 скока и 3,4 асистенции. Да е само тоа.
Тони Кукоч за 7 сезони во Чикаго Булс стана три кратен НБА шампион во ерата на Џордан, Пипен, Родман, Харпер и компанија кои со Фил Џексон освоија шест прстени.
Во најквалитетната кошаркарска лига во светот дојде со еден куп освоени трофеи. Со Сплит три години по ред ја освојуваше Европа (1989,1990,1991), стана четиркратен шампион на Југославија и два пати го освои купот. Потоа со Бенетон Тревизо го освои и првенството и Купот на Италија.
Паралелно со клупската има и богата репрезентативна кариера во која на градите закачи вкупно 11 медали од кои 6 златни. 1985-та: Европски првак У-16, 1986-та Европски првак У-18, 1987: Светски првак У-19.
Со легендарната сениорската репрезентација на Југославија во 1989-та и 1991-ва стана европски, а во 1990-та светски првак.
Како да му се меша човек во софрата на една ваква легенда и икона на југословенската кошарка со успеси за кои некои може само да сонуваат.
Кер за првиот ручек со Кукоч