Трејлер за филмот „Изгубениот дрим тим“

Србија, Хрватска, Италија и Словенија во копродукција скоцкаа 80 минутен филм за неповторливата кошаркарска приказна од овие простори, за тоа како тимскиот дух и љубовта кон спортот можат да ги надминат сите граници. Се работи за уникатен момент, невиден во историјата на спортот, кога екстра силен и добро координиран тим, дава сè од себе за да победи на Европско, под знамето на земја која престанува да постои. За време на Евробаскетот во Рим 1991, додека во Југославија беснее граѓанска војна, последниот кошаркарски тим од таа земја се бори храбро за златниот медал.

Премиерата е закажана за 16 септември, режисер на документарецот е Јуре Павловиќ, а во него учествуваат Душан Ивковиќ, Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ, Тони Кукоч, Јуриј Здовц, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ, Зоран Савиќ, Жарко Паспаљ и други членови на таа златна генерација.

6 септември 2025 - 08:05