Таг: владе дивац

Мега средба во НБА: Јокиќ, Дивац и Ѓоковиќ

Три српски легенди се собраа на едно место и направија клип кој многу тежи. Никола Јокиќ, Новак Ѓоковиќ и Владе Дивац. Се работи за меч во Лос Анџелес на кој Леброн Џејмс стана прв играч во историјата на НБА со 40.000 поени, но забавата му ја расипа се знае кој, Јокиќ со 35 поени и 10 скока, како и победа од 124:114. Новак го прекина интервјуто за да се поздрави со својот сонародник.

Дивац и Раѓа на тамбураши

Легендарната кошаркарска генерација на Југославија му оддаде почит и го испрати Дуда Ивковиќ во вечниот дом. Потоа дел од нив се задржаа во Белград на мало опуштање со хитови од Оливер Драгојевиќ, Халид Бешлиќ, Бајага...

Култно видео како Владе Дивац учи од Карим Абдул-Џабар

Легендарниот Карим кој 6 пати стана шампион во НБА, играше за Лејкерс од 1975 до 1989-та, годината во која Владе Дивац дојде во тимот од Лос Анџелес. Ја имал Дивац таа среќа да учи од еден од најдобрите на сите времиња.

Поздрав од Дивац

Владе Дивац моментално е генерален менаџер на Сакраменто Кингс, и уште сака да се матка по кошаркарски терен, макар тоа било и на школа за деца. И уште сака да шутира од далеку.

Јунаците на Сакраменто за кои останувавме будни

Биби, Вебер, Дивац, Даг Кристи, Стојаковиќ, Хидо Туркоглу, Скот Поларт, Боби Џексон против Коби, Рик Фокс, Шекил, Дерек Фишер и Роберт Хори. Каков мегдан беше тој поради кој се каснеше на работа, во школо, на факултет.

Како Шек го зафркавал Дивац пред финалето

Сакраменто и Лејкерс во 2002. година го одиграа можеби најепското конференциско финале во НБА. Сите ги паметиме седумте дуели од кои Лејкерс излезе како победник (4:3). Пред еден меч Шек решава да му испее песна на Дивац која што ја смислил во моментот.

Дивац за своите: „Ќе ве убие Казинс од Сакраменто“

Иако веќе неколку години е претседател на српскиот Олимписки Комитет, Владе Дивац на само една недела пред стартот на Олимписките Игри изјави дека центарот на неговиот тим Сакраменто, ДеМаркус Казинс „ќе ги убие под обрачите“.

Неуморната пловидба на Тони Кукоч

Многу пензионирани НБА играчи, по кошарката се фатија за голф и тенис. Кога легендарниот шести играч на Чикаго Булс се повлече, до ден денес не игра ништо друго освен голф, спорт во кој стана државен шампион на Хрватска.

Празнична НБА и дерби средби за Божиќ

Како и секоја година, така и оваа во најсилната кошаркарска лига на светот, за Божиќ ќе се одиграат неколку дуели меѓу најголемите франшизи. Леброн Џејмс со својот Кливленд ќе игра против Мајами, Лејкерс и Коби против Чикаго, а Сан Антонио и Оклахома во реприза на минатогодишното финале на Истокот.

Дирк Новицки им пркоси на годините

Во дуелот против Сакраменто, Германецот уфрли 23 коша, со што го премина Хаким Олајџувон на деветтото место на листата најдобри поентери во историјата на НБА и стана најефикасниот странец кој играл во лигата.

Заборавените приказни за кошаркарите на СФРЈ

Во шпанските весници во 1986-та година се појави информација дека репрезентацијата на Југославија силувала една хостеса на Тенерифе. Што всушност се случило...

Европскиот дрим тим на Владе Дивац

Српската кошаркарска легенда, Владе Дивац ја состави својата идеална петорка со најдобри европски играчи кои настапувале во НБА лигата.

Владе Дивац - кралот на фолирантите

Изминативе денови се крена многу прав околу одлуката на НБА лигата за казнувањето на кошаркарите за „флопинг" односно симулирање на фаул. А кога ќе се спомене поимот „флопинг", тоа веднаш асоцира на Владе Дивац - човекот кој го воведе симулирањето во НБА лигата.