Покрај тоа што е претседател на српскиот Олимписки Комитет, Дивац е некогашен кошаркарски ас и долгогодишен репрезентативец на Југославија. Веќе неколку месеци работи и како директор на Сакраменто Кингс, клубот со кој стигна до финалето на Плејофот во НБА.
Од таа причина, американските медиуми во Владе Дивац препознале одличен соговорник на тема кошаркарските натпревари на Олимпискиот турнир. Дивац во свој стил зборувал за силата на „Дрим тимот“ кој дојде во страшен состав во Рио, но и за шансите на ривалите на САД меѓу кои се наоѓа и Србија.
„ДеМаркус Казинс има желба да му покаже на светот тоа што другите веќе го знаат, дека е најсилниот висок играч на планетата. Најдоминантен кошаркар е на цела планета. Затоа што сум од Србија, морам да навивам за Србија, но имам лошо претчуство за мојот тим. Тој ќе ги убе“, изјави Дивац за американскиот портал Слем Онлајн, а изјавата ја пренесоа и други медиуми во САД.
Во тимот на САД кој ќе го брка третото Олимписко злато по ред се: Кармело Ентони, Харисон Барнс, Џими Батлер, ДеМаркус Казинс, ДеМар ДеРоузан, Кевин Дјурант, Пол Џорџ, Драјмонд Грин, Кајри Ирвинг, ДеАндре Џордан, Кајл Лоури и Клеј Томпсон.