Таг: рио де жанеиро

Во Бразил тргнал крадец да краде од девојка борец во УФЦ

Апсолутно неверојатна приказна стигнува од Рио де Жанеиро каде една од најголемите борци во жестокиот шампионат УФЦ претепала крадец.

Конфликтниот Бразилец кој ги забавува навивачите на Вест Хем

Покрај борбата со носталгија, апатија и самотија, Фелипе Андерсон како капак на сè доживеал и трагедија која што ја направил татко му во 2015-та година кога бил виновен за смртта на две лица во Бразил.

Во чест на човекот кој го смисли легендарниот жолт дрес на Бразил

Целиот свој живот го поминал на 200 метри од границата со Уругвај, земја која што многу ја засакал. Од рана возраст цртал многу убаво па случајно решил да се пријави на конкурсот за нов дрес на фудбалската репрезентација на Бразил.

Фоњини освои поен откако остана без рекет во раце

На еден од поинтересните дуели на турнирот во Рио де Жанеиро против домашниот играч Томаш Белучи, Италијанецот Фабио Фоњини освои неверојатен поен откако при сервис остана без рекетот.

Кога Ериберто од Киево лажеше за пасошот

По неверојатното првенство со Киево на Џиџи Делнери, бразилското десно крило потпиша богат договор со Лацио во летото 2002 но трансферот пропадна откако му го откриле правиот идентитет.

Олимписко злато после проблеми со наркотици, алкохол и психа

Во 2000-та во Сиднеј како незрело момче го освојува златото за Америка во пливање. Набрзо паѓа во тешка депресија и три пати „се ракува“ со смртта поради предозирање со дрога, алкохол и апчиња за смиурвање. 16 години подоцна се качи на подиумот како најстар освојувач на злато.

Хероината од Косово која освои златен медал

Џудистката од Косово, Мајљинда Кељменди изјави дека го остварила својот животен сон со освоеното злато на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро каде стана хероина на вториот натпреварувачки ден.

Дивац за своите: „Ќе ве убие Казинс од Сакраменто“

Иако веќе неколку години е претседател на српскиот Олимписки Комитет, Владе Дивац на само една недела пред стартот на Олимписките Игри изјави дека центарот на неговиот тим Сакраменто, ДеМаркус Казинс „ќе ги убие под обрачите“.

Врвната реклама за Паралимпијада 2016 во Рио

Паралимпијадата Рио 2016 започнува на 7. септември со церемонијата на свеченото отворање и ќе трае до 18 септември. Ќе се одвива на легендарниот стадион Маракана, ќе учествуваат 175 земји а комплетните Игри ќе имаат 526 настани.

Како изгледа Рио на месец дена пред Олимписките Игри

28 видови спорт, 306 медали - сето тоа ќе го гледаме на летната Олимпијада која што за првпат се одржува во Јужна Америка. Каква е ситуацијата таму во моментов?

Џалмиња - Човекот што можеше да стане крал

Совршениот дриблинг и фантастичната техника обично одат во комбинација со пргавиот темперамент, карактерна црта која што не му дозволи на еден од најдобрите бразилски техничари во ’90-те години да стане уште поуспешен фудбалер.

Што ја очекува Македонија во квалификациите за Рио?

Во петок, сабота и недела Македонија ќе игра против Полска, Тунис и Чиле. Пласман во Рио летово обезбедуваат првите две места. Полјаците како домаќини имаат предност, а Африканците ќе ни бидат директен ривал за место кое води на ОИ.

Гаринча - радоста на сиромашниот Бразил

За него играњето на Светско првенство било како и играње во дворот на фабриката во која работел. Сакал само да игра фудбал, не му значела победата и не трчал по славата. На крајот ги кренал рацете и се предал во борбата со бразилската лута Кашаса.

Колкава закана е вирусот Зика по Олимпијадата во Рио?

Организацискиот комитет на ОИ Рио 2016 отвори борба со проблемите на уште еден фронт, откако Зика вирусот се шири брзо а спортистите треба да допатуваат во Бразил за помалку од 6 месеци.

Бегството на Бразилците на Карневалот во Рио

Роналдо, Ромарио, Адријано и Едмундо напуштаа тренинзи и натпревари во клубовите, само за да одат на најголемата забава во годината во Бразил.

За ваков ли Рио зборувавме?

На шест месеци од ОИ 2016 во Рио, најпроблематична и контроверзна тема е заливот Гуанабара, каде што се планираат борби за медали во едрење, триатлон и пливање на отворено. Заливот е цел со фекалии.