Со Џалмиња во Фламенго биле Марселињо Кариока и идниот финалист на Светското првенство од 1998, Жуниор Бајано.
Со младинците на Фламенго ги освоил сите можни купови, а во 1992. година го освоил и првенството. Една година подоцна Џалмиња отишол по потешкиот пат до успехот и преку Гуарани кој го позајми во јапонскиот Шимицу стигна до дрим-тимот на Палмеираш каде играше со Кафу, Флавио Консеисао, Ривалдо и Жуниор.
Џалмиња го освои и првенството на Сао Пауло (Во Бразил има неколку шампионати). Подоцна го нарече тимот на Палмеирас од 1996-та за најдобра екипа во кариерата.
На крајот од 1996. година Џалмиња ја доби Златната топка за најдобар играч во првенството. Му се отвориле вратите од репрезентацијата и добил сериозни понуди од Европа. На крајот се решил за Депортиво каде се најде со Ривалдо и Флавио Консеисао после победата на Копа Америка во '97-ма.
Фантастичниот техничар и волшебник со топката не згрешил. На крајод од '90-те години, Ла Коруња беше составена од пристојни но не претерано познати фудбалери од кои Хавиер Ирурета ја склопи можеби најдобрата екипа на почетокот на 2000-та.
Џалмиња имаше централна улога во шампионскиот Депор од сезоната 1999/2000. На теренот изгледаше отприлика исто како што години подоцна ќе изгледа Роналдињо. Страшен дриблинг и силен шут.
Потегот ламбрета против Реал Мадрид на Риазор:
Ако на неговите неверојатни фудбалски карактеристики им се додал и малку подобар карактер тоа би било идеално за лидер во Барселона или Милан или во Бразил.
Напротив, тој беше прав ѕвер. Незгодниот карактер го тераше на глупости, па така еднаш се случи и да го напушти теренот откако вториот тренер на Депортиво барал друг да го изведе, а не тој. Џалмиња се караше и со Ирурета. Со тешката нарав на Бразилецот добро се запозна и Александар Мостовој кој се спречка со него во дербито на Галиција, Селта - Депортиво.
Во 2002. година играчот за врска направи невиден скандал откако со глава го удрил тренерот Хави Ирурета и го пратија на позајмица во Австрија Виена. Имаше можност да влезе во составот на Бразил за Мундијалот 2002-ра, но поради проблемите на клупски план на Светското отпатува тогаш младиот Кака а Кариоките станаа светски шампиони.
Во Австрија, Џалмиња ја освоил двојната круна со Австрија Виена, а од клубот биле среќни што имаат таков играч но не можеле да издржат со неговата висока плата, поради што морал да се врати во Ла Коруња и тоа на последниот ден од преодниот рок.
Во 2004. година Бразилецот на кратко отиде во мексиканскиот клуб Америка каде што ја заврши кариерата на 33. години.
Ќе го паметиме по неверојатните потези во шпанското првенство. По завршување на кариерата заиграл мал фудбал на вештачка трева и со своите богати вештини и трикови станал ѕвезда во овој спорт а на 38 години ја освоил титулата со Фламенго.
Од минатата година, 45-годишниот Џалмиња има поспокојна работа како коментатор на Јужноамериканскиот ЕСПН, заедно со Хуан Пабло Сорин, Алекс Соуза, Денилсон и Раи.
Со Арсен Венгер и Јури Џоркаеф:
Со Лилиан Турам: