На 18 март 2003-та година на бучниот „Риазор“ пред 25.000 души во групна фаза од Лигата на шампионите играа некогашниот шпански првак Депортиво Ла Коруња и англискиот гигант.
Еврокуповите се врхунски турнири особено кога во една сезона некој аутсајдер ќе дотурка најдалеку од сите и ќе направи сензација. Таква беше приказната со луцидните Монако и Депортиво Ла Коруња.
Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.
Ла Коруња до синоќа се тресеше во борбата за опстанок во втората шпанска лига Сегунда дивизион. Некогашниот шампион и европски гигант се соочува со тешки времиња, ама имаше јунак да ги спаси.
Депортиво Ла Коруња извади многу важен бод на гостувањето против директниот ривал во борбата за опстанок во сегунда Овиедо. Губеа 2-0, па на 2-1 намали Сабин со преубав гол.
На 19 мај 2000-та година, Депортиво направи чудо. Го совлада Еспањол во последното коло и првпат во својата историја стана шампион. Неверојатен состав кој заврши пред гигантите Реал и Барселона.
Ливерпул не им е единствена ноќна мора кога мислеа дека фудбалот трае едно полувреме. Лоши спомени имаат и од еден шпански колектив без ѕвезди, кој со голема желба и упорност се избори за сензационален кам бек, еден од најјаките во ЛШ.
Како што пишува Mundo Deportivo, Лео кој синоќа запиша хет-трик на гостинскиот меч во 35. коло против Депортиво (2:4), го постигнал јубилејниот 1.000 гол во својата кариера. Сè почнало уште од 1994 година кога Меси на седум годишна возраст почнал да игра за Њуелс Олд Боис.
Пред средбата против Депортиво Ла Коруња, пар дечиња кои излегуваат со играчите на терен, со Кристијано Роналдо зборуваа кој е најдобар на светот. Заклучок им беше дека Меси е најслаб.
Хозе де Хесус Корона брани за Круз Азул во мексиканската лига. Има 36 години ама тоа не му смета да скока како мачка. На дуелот против Монтереј одбрани 4 неверојатни шута. Во кариерата има 4 меча за репрезентацијата. Во декември 2010 Депортиво сакал да го купи но тој решил да остане во Круз Азул.
Јунаците на Клаудио Раниери кои по сезоната за опстанок во следната го кренаа трофејот во Премиер лига, не се единствен тим кој во дебитантската сезона во ЛШ влегоа во друштво на најдобрите 8. УЕФА нè потсети на уште шест такви примери кои ја изненадија Европа.
Атлетико Мадрид одигра 1:1 со Депортиво на гости, а Гризман го постигна голот кандидат за погодок на сезоната во Примера. Можеби најубав гол на годината во Шпанија.
На само две минути од почетокот на второто полувреме од мечот меѓу Лас Палмас и Депортиво во Шпанија, се вклучија или подобро кажано некој ги вклучи прскалките на сред терен па судијата мораше да го прекинува мечот.
На денот на својот 30 роденден, поранешниот хрватски репрезентативец Дадо Пршо постигна неверојатни пет гола на меч од Лигата на шампионите. На тој 5. ноември 2003. година Монако го победи Депортиво Ла Коруња со рекордни 8-3. Тоа беше највисоката победа во меч од ЛШ.
Фабрицио Колочини е еден од ретките фудбалери кои повеќе сака да прочита добра книга, отколку да разгледува каталози за бесни коли со соиграчите. Верува во идеологијата на Фидел Кастро и Че Гевара и се ужасува на злосторствата на нацистите.
Кога дошол во Барселона сите сфатиле дека бил лимон табиет и дека било прашање на време кога ќе се скара со незгодниот Ван Гал. Со игрите на Камп Ноу, Ривалдо ја доби наградата најдобар фудбалер на светот а голот против Валенсија важи за еден од најубавите на сите времиња.
Легендарниот десен бек на Јувентус, Алесандро Бириндели за Старата дама играше цели 11 години и на 196 меча постигна само два гола. Едниот од нив вреди за сите натпревари.
Давор Шукер, Христо Стоичков, Диего Симеоне, Ромарио и Михаел Лаудруп беа стрелци во последното драматично коло во Ла Лига, која шампионот го донесе во последната минута од сезоната. Поранешен репрезентативец на Југославија место место јунак стана лузер.
Совршениот дриблинг и фантастичната техника обично одат во комбинација со пргавиот темперамент, карактерна црта која што не му дозволи на еден од најдобрите бразилски техничари во ’90-те години да стане уште поуспешен фудбалер.
32-годишниот голман на Малага, Камерунецот Идрис Камени направи неверојатна глупост откако сам пикна една нафрлена топка во својот гол. Неговата постапка чуди уште повеќе затоа што неговиот тим водеше 1:0 против Валенсија, а на крајот загуби 1:2.
1999/2000 важи за незапаметена сезона во Шпанија. Депортиво Ла Коруња ја освои титулата, шпицот на Расинг Сантандер беше прв стрелец а голманот на Алавес Мартин Ерера ја освои наградата Замора за најдобар голман.
Пред 15 години тимот од Риазор се прошета низ Примера и ја освои титулата по голема заслуга на магионичарот од Бразил, кој направи до тогаш невиден потег.
Предводникот на Депортиво во најславните денови на оваа екипа беше фудбалер кој во еден момент важеше за најдобар играч на светот. Повредите и ноќниот живот го спречија да стане уште пославен.
Младиот Шпанец Хулио Реј потпиша договор со Депортиво Ла Коруња, но откако на Риазор откриле навредлив твит на фудбалерот на нивна сметка, решиле да го раскинат договорот.