Рој Макај, Џалмиња, Жак Сонго, Нуредин Најбет, Педро Паулета, Донато, Флавио Консеисао, Мауро Силва, Фран, Туру Флорес - се само дел од главните творци на овој луд успех.
Градот Ла Коруња со недели ја славеше титулата, а дента кога прославата кулминирала во градот излегле повеќе од 200.000 луѓе!
Најславни години во историјата на Депортиво беа од 2000-та до 2004-та. На симпатичниот стадион „Риазор“ играа мајстори на фудбалот како Џалмиња, Тристан, Валерон, Пандијани, Молина, Фран, Макај (повеќето од нив дојдоа летото 2000-та после шампионската титула). Тренер им беше Хави Ирурета, а овој клуб е познат и по неверојатниот камбек против шампионскиот Милан (4:0 во Ла Коруња после пораз 4:1 во Италија во Лига на шампиони).
Депор забележа и негативен рекорд со поразот од 8:3 против Монако кога Дадо Пршо даде 5 гола! Таа генерација играчи на Ла Коруња ѝ донесоа 2 четвртфиналиња во Лига на шампиони и едно полуфинале.
Повеќе за лудата шампионска сезона на Депортиво Ла Коруња тука.
ДЕНОТ КОГА КУЛТНИОТ ГОЛМАН МОЛИНА ДЕБИТИРАШЕ КАКО КРИЛО ЗА ШПАНИЈА
ГО ПАМЕТИТЕ ЛИ ДАДО ПРШО ОД МОНАКО?
ИСТОРИСКИОТ ПОТЕГ НА ЏАЛМИЊА И ПОБЕДАТА НА ДЕПОР НАД РЕАЛ