Легендарниот шпански голман, Хозе Молина, кој сигурно го паметите по лудите одбрани и смешните киксови во Атлетико Мадрид и особено Депортиво Ла Коруња во првата половина на 2000-те години, никогаш нема да го заборави своето деби за Шпанија.
Пред точно 24 години, на 24 април 1996 година, репрезентацијата на Шпанија гостувала во Осло на пријателска против Норвешка. Тоа била генералка пред Европското 1996 но за Молина овој натпревар остана посебен.
Во 75' минута бекот на Атлетико Мадрид Хуан Лопез се повредил. Во репрезентацијата веќе немало играчи за измена, затоа што сите влегле во игра, па селекторот Хавиер Клементе на терен го пуштил голманот на Атлетико Хозе Молина кој претходно ниту еднаш не играл за репрезентација.
„Го прашав: 'Сакаш да играш'. Со голема радост се согласи“, се сеќава Хавиер Клементе на тој момент.
Стоперот на Реал Мадрид Фернандо Јеро му ветил: „Ако случајно дадеш гол, на раце ќе те изнесеме од терен“.
Молина 15-ина минути од голман се претворил во лево крило и одиграл сосема добро. Не изгубил ниту една топка, немал погрешно додавање, помагал во одбраната, учествувал дури и во неколку акции, а на 7 минути пред крајот малку фалело да даде гол.
Молина тргнал кон шеснаесетникот, налетал на една топка и шутирал крај голот.
Овој момент е на 0:45 но подобро да го изгледате цело:
Натпреварот завршил 0:0 и не бил нешто возбудлив, ама следниот ден крилото Молина бил на насловните на најголемите шпански весници. Сите зборувале за тоа како заиграл крило.