Таг: фудбалска репрезентација на шпанија

Крај на една златна ера во селекцијата на Шпанија

ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012 е хет-трикот кој успеа да го оствари една од најдоминантните репрезентации во историјата на фудбалот. Селекција која заминува во пензија. Во целост.

Ѕвездата на Шпанија ги истрола Косоварите

Фудбалската репрезентација на Шпанија победи во Приштина на гости 0-2 во квалификациската група Б на патот за Светско првенство 2022. Пред мечот, на прес-конференција еден новинар го прашува фудбалерот на ПСЖ Пабло Сарабија „Зошто викате цело време локалниот тим а не кажувате Косово“? Сарабија ладно одговори: „Не го разбирам прашањето“.

Бразил игра олимписка самба, златен медал по триумфот против Шпанија

Во фантастично фудбалско финале на Олимписките Игри, одиграно во Јокохама, Бразил поведе со голот на Куња во 45+2' но Шпанија во 61' минута израмни па мечот се реши во продолженијата.

Која е жената ангел-чувар во репрезентацијата на Шпанија?

Сигурно ретко кој од вас обрнал внимание на клупата на Шпанија на ова Европско па и на претходните големи турнири, за да може да ја забележи дамата која постојано е тука околу кога играат Шпанците. Таа контролира сè.

Шпанија е полуфиналист по драмата на пенали со Швајцарија

По неверојатните дуели во осминафинале, Шпанија и Швајцарија одиграа уште еден драматичен меч. Шпанците поведоа преку автогол, во 68' минута Швајцарците израмнија па со играч помалку издржаа до пенали.

Спектакл во Копенхаген, Шпанија ја доби драмата со Хрватска

Шпанија е нов четвртфиналист на Евро 2020 откако вечерва во невозможен меч со дури 8 гола ја совлада Хрватска која неколку пати се креваше од нокаут. Во Копенхаген се одигра најдобриот дуел од досегашниот тек на континенталниот шампионат.

На 16 години избега од Барселона и се прослави во Загреб, сега е ѕвезда на Шпанија

Кога уште како мал решил да прејде во Хрватска за која не знаел ништо, во Каталонија сметале дека нешто не е во ред со него. Од Ла Масија оди во Динамо и стана голема ѕвезда на европскиот фудбал.

Ни со рекордни скоро 1.000 додавања, Шпанија не успеа да даде гол

Сигурно многу од вас ја имаат товарено кец и сте биле убедени дека ќе тепаат, но поранешниот светски и европски првак и со препознатливата доминантна игра не успеа да направи ништо. 

Стопер на Сити менува репрезентација само за да заигра на Европско

Командантот на одбраната на шампионот во Премиер лига, Емерик Лапорт одигра повеќе од 50 меча за младинските репрезентации на Франција, но во вторникот доби шпански пасош и наскоро ќе заигра за фуријата.

Значи џабе везеле

Со 80% посед на топка и 849 прецизни додавања да имаш само два шута кон гол, значи нешто не ваља. Плус Шпанија си, а играш против Грција. Несфатлив податок.

Најтежок пораз на Германија во историјата - Шпанија од нив направи фудбалски Луксембург

Вечерта кога Мануел Ноер се искачи на вечната листа играчи со најмногу настапи, неговата репрезентација доживеа катаклизмичен дебакл од Шпанија - 6:0!

Дистанца на денот

На почетокот на новото издание на Лига на нации, синоќа во Штутгарт се сретнаа поранешните светски шампиони Германија и Шпанија и ремизираа 1:1. А најинтересниот момент се случи неколку секунди пред почетната судиска свирка. Германците почитуваа дистанца на два метри еден од друг, а Шпанците останаа гушнати.

Денот кога култниот голман Молина дебитираше како крило за Шпанија

Дебито во репрезентација е настан кој секој фудбалер го памети до крајот на животот. Особено ако е деби за селекцијата на „црвената фурија“.

Ја видовте ли парадата на Де Хеа?

На гостувањето кај Шведска, Шпанците играа одличен фудбал, имаа посед на топка и неколку шанси, ама Швеѓаните поведоа први преку Берг во 50’ минута. Голем бод на Шпанија и донесе Родриго во 90+2’, ама и Де Хеа кој пред да излезе поради повреда во 60’ минута, бранеше добро.

Како живее репрезентацијата на непризнатата Каталонија?

Во текот на календарот на ФИФА и УЕФА за официјални меѓународни натпревари, редовно во програмата може да се видат и пријателски средби кои ги играат репрезентации кои не се признати и не можат да играат квалификации ниту големи натпреварувања. Таква е Каталонија.

Новиот тренер на Реал кој на времето бранел за Барселона

Вечно третиот резервен голман имал интересен фудбалски пат кој на крајот го доведе до шпанската репрезентација и Реал Мадрид, клуб поради кој доби отказ од сојузот.

Џабе си подаваа толку кога не можеа да дадат гол

Секоја чест и капа доле за освоените ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012, ама сега сме 2018-та, фудбалот оди напред, технологијата исто и сите јеботе научија да играат фудбал и Мароко и Иран и Јужна Кореја. Не ви проаѓа повеќе тоа на ти ја, дај ми ја и со се топка во гол, кога до пенали стигнавте со помош на автогол.

На Маноло му забраниле да влезе на „Лужники“ со тапанот, па ФИФА реагирала

Најлегендарниот навивач на светот кој ја бодрел Шпанија на седум Европски и десет Светски првенства, се расплакал што Русите му забраниле да влегува на трибини со својот сопатник, тапанот, па ФИФА морала да реагира.

Најсмелиот претседател на федерација кој го избрка селекторот пред Светско

Рубиалес во кариерата играл за неколку второлигаши а во еден момент сфатил дека повеќе му лежи да биде адвокат и менаџер по што тргнува во голем поход.

Утре почнува Светско, а Шпанија остана без селектор

Шок во таборот на шпанската репрезентација во пресрет на Мундијалот. Фудбалската федерација го отпушти Хулен Лопетеги од селекторската позиција, а за два дена играат против Европскиот првак.

Меси крена раце и си отиде на шестиот гол за Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија ја прегази Аргентина со 6-1, а кога петтиот и шестиот гол паднаа во рок од неколку секунди, најдобриот играч на светот кој од ложата ја гледаше пријателската реши да стане и да замине пред време.

Кој сака нека дојде во Мадрид

Ослабената Аргентина која не ги повика Дибала и Икарди, Агуеро е повреден, а Меси неизвесен ќе има тешка задача вечерва (21:30) да се бори со тридецениската луда традиција на непобедливата Шпанија во својата престолнина. Што доминација ќе беше ова.

Дедо, татко и син - од колено на колено за Шпанија

Фудбалската династија Алонсо го има и третиот претставник кој ќе го носи дресот на репрезентацијата - Маркос Алонсо, левиот бек на Челси којшто доби повик од селекторот на Фуријата, Лопетеги.

Сторијата за Пако Хемез - култниот тренер од шпанското фудбалско подземје

Еден од ретките тренери со кој Пеп Гвардиола сака да седне да се напие вино и да дискутира за фудбалот цела ноќ. Пако Хемез е култен јунак на предградието на Мадрид, Ваљекано. Пола Шпанија сака еднаш да го види како селектор на репрезентацијата.