На почетокот на новото издание на Лига на нации, синоќа во Штутгарт се сретнаа поранешните светски шампиони Германија и Шпанија и ремизираа 1:1. А најинтересниот момент се случи неколку секунди пред почетната судиска свирка. Германците почитуваа дистанца на два метри еден од друг, а Шпанците останаа гушнати.