Таг: фудбалска репрезентација на шпанија

Како скромниот и малечок Чави стана великан

Бил мал, низок и слабичок па не му предвидувале сјајна кариера. Но тој, упорен каков што бил од дете, запнал да им покаже што знае со топка. Стигнува до првиот тим, освојува Светско и Европско, слави Лига на шампиони и му се заблагодарува на покојниот дедо.

Перфектната игра со која Шпанија ја суреди Италија

Шпанија не е мртва и нека не ве лаже елиминацијата на СП 2014 уште во групи дека се во криза. Ако Светскиот (2010) и Европски првак (2008 и 2012) тогаш личеше на Барселона, сега го споредуваат со Реал Мадрид. Еве зошто.

Сите дебитантски голови на Марко Асенсио

Страшниот талент на Реал Мадрид стана рекордер откако даваше голови на дебијата во: УЕФА Супер Куп, Ла Лига, Лига на шампиони, Европското У-21, Копа дел Реј и шпанскиот Супер Куп.

Шпанија ги однесе бодовите од Скопје

Во шестото квалификациско коло за Мундијалот следната година, македонската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија 1-2 (0-2). Голот на Стефан Ристовски ќе конкурира за најубав гол во квалификациите.

Калински: Грандисимо Горан Пандев

Ако некој дуел од шесте вкупно кои досега сме ги одиграле против Шпанците не е за заборавање, тоа е оној пријателскиот кој се одигра на 12 август 2009-та. По повод половина век фудбал во Македонија, Црвената фурија ни гостуваше на Градски и се изнамачи да нè победи.

Шпанија нема пораз во квалификации за Светско од времето на Панчев и Чоко

За да кажеме дека имаме шанси да ја тепаме Шпанија прво треба да сме Бразил и второ треба да направиме чудо над чудата со фудбалската велесила која држи страшно лудачки рекорд стар 24 години.

Рутинирана победа на Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација се соочи со висок пораз на гостувањето во Гранада. Избраниците на Игор Ангеловски загубија 4:0 во 4. коло од квалификацискиот циклус кој слободно можеме да го прогласиме за завршена приказна. 71% посед на топка за Шпанците.

Кога пргавиот Бразилец слетал во Мадрид со влечки и шорцеви

Како мал одел со камион со чичко му до границата со Парагвај, купувал бижутериски накит и потоа го препродавал во Сао Пауло. Добро му одело, заработувал пристојно и не сакал да му се врати на фудбалот. Не сакал сè додека не го сретнал агентот Хорхе Мендез.

Маноло - најпознатиот светски навивач кој беше и во Македонија

Препознатлив е по сомбрерото и тапанот со кој ја бодрел Шпанија на седум Европски и осум Светски првенства. Поради честите патувања да ја гледа La Roja загубил сè: жена му и децата го оставиле, бизнисот му пропаднал и останал без пари. „Сè би повторил одново, не се каам“.

Несторовски нема да војува со Пике и Рамос

Од 112 меча од кога Пике дебитираше за Шпанија, само три пати на списокот не биле заедно со Серхио Рамос. Во Гранада Несторовски, Пандев и напаѓачите ќе се надмудруваат со Бартра, Начо, Хуанфран, Ињиго Мартинез и Азпиликуета.

Против Шпанија со осум фудбалери кои се пласираа на ЕП 2017

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски направи одличен потег во пресрет на тешкото гостување во квалификациите. Ќе им даде шанса на дури осуммина играчи од У21 кои на 11 октомври испишаа историја во македонскиот фудбал.

Ван Гал го турнал Пике на земја да му докаже дека е слаб

Еден од најтрофејните фудбалери во клупската историја на Барселона и дете на овој клуб раскажа една случка од тренинг кампот на Барса кога тренер бил Холанѓанецот Луј Ван Гал.

Висенте Дел Боске - Маркизот на шпанскиот фудбал

Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.

Може да браниш, но после работата на скара

Вечно третиот голман на Реал Мадрид и Барселона имал необична играчка, а веќе неколку години има успешна тренерска кариера. Од тренер во Рајо Ваљекано стигна до Порто и до шпанската репрезентација со која ќе го гледаме на „Филип Втори“.

Главните навивачки на Европското 2016

Најубавите моменти не се на теренот, туку на трибините во Франција од каде девојките и сопругите на фудбалерите ги гледаат натпреварите во живо.

Што се случи со Шпанија?

Двете победи на стартот ги замаскираа сериозните тактички проблеми во Ла Роха. Јавноста го бомбардираше Дел Боске со прашања зошто немало место за Коке, Тиаго, Азпиликуета, Габи, а имало за ветераните Хуанфран и Адуриз?

Европа добива нов владетел, Италија ја испрати Шпанија дома

Аѕурите потполно заслужено со 2:0 го совладаа актуелниот европски првак и се пласираа во четвртфиналето каде ги чека наострената Германија.

Кој со кого, кога и каде во осминафиналето

Конечно може да ги исклучиме дигитроните. Познати се сите осминафиналисти и сите кои ги пакуваат куферите на пат кон дома.

Детето кое им даваше копачки на сиромашните другари

Еден час пред мечот Шпанија - Турција, најгласни околу и на стадионот биле само турските навивачи. Во 48-та минута од мечот грмеа само Шпанците, благодарение на нивниот нов суперхерој.

Шпанија зема залет, Нолито и Мората решетаат

Вториот меч од групата Д заврши со убедлив триумф на Црвената фурија над Турција со 3:0. Шпанците им се придружија на Италијанците и Французите во осминафиналето.

Шпанија 12 години нема пораз на ЕП, Чесите капитулираа во 87’ минута

Шпанија триумфално ја започна одбраната на Европската титула освоена во 2012-та, откако денес ја совлада Чешка која одлично се бранеше до три минути пред крајот од мечот. 

Петте натпревари на Шпанија одиграни на 13 јуни

Ако верувате во традиција, ама не во меѓусебни дуели, туку во малерозни датуми тогаш не се кладете денес на Шпанците. Историјата вели дека воопшто не им оди на 13 јуни, датум на кој немаат победа до сега.