1. Силен татко
Хулен Лопетеги се родил во необично семејство: неговиот татко се занимавал со кревање тежина. Хосе Антонио Лопетеги еднаш дури и поставил рекорд: Кренал округол камен тежок 100 килограми, го кревал и спуштал 22 пати во една минута. Малиот Хулен редовно одел со татко му на различни натпреварувања и манифестации. На една изложба позирал за убава фотографија: Хосе ги држи двете ќерки во вис, а синот стои во близина.
„Тоа беше некој вид насилен спорт, во него имаше нешто животински. Се занимавав со тоа само поради парите кои му требаа на семејството. Не сакав децата да се заинтересираат за тоа, но знам дека пробуваа со разни камења. На среќа само од љубопитност", раскажувал Хосе Антонио, подоцна таткото на новиот шпанскиот селектор.
Денес Хосе, во староста не крева веќе камења, но секое утро вози велосипед и вежба гимнастика.
2. Семеен ресторан
Семејството Лопетеги, во местото Астеасу во регионот Баскија (северна Шпанија) имало мал ресторан којшто бил специјализиран за месни специјалитети.
„Таму работеа сите, и родителите и јас и брат ми. Израснав покрај решетката за скара. Татко ми беше голем мајстор, знаеше како да го спреми месото пред печењето. Мајка ми исто готвеше неверојатно. Покрај нив морав да научам да правам котлет. Во почетокот ми поставуваа строги услови: На тренинг можев да одам само после работата во ресторанот. Ако немав време да завршам до крај не ме пуштаа на тренинг.“
Така било се до 18 години кога Лопетеги го викнале да игра за Реал Мадрид Кастиља. Во вториот тим на Реал не го пуштале да оди привремено во кујната кај татко му и Хулен морал да стане професионален фудбалер.
По завршувањето на играчката кариера, Лопетеги повторно влегол во бизнис со ресторани и сега му помага на брат му со два локали во Мадрид.
3. Вечно трет голман
Голем дел од кариерата, Хулен Лопетеги ја поминал на клупата на Реал Мадрид и Барселона. Во секој од двата гиганти поминал по три години и за тоа време бранел на околу 10 натпревари. Ретко кога стекнал повисок статус од трет голман. Конечно нашол место во Логроњес, второлигашка екипа преку која обезбедил место во репрезентацијата како трет голман на Светското првенство 1994 во САД.
„Во Барселона ми беше тешко, затоа што бев во најлоша физичка сосотојба во кариерата. Таму имав сериозен проблем со грбот и не можев да го издржам веќе тоа оптеретување, така што никогаш не заздравив во потполност и трајно бев надвор од стројот. Но тоа ме направи посилен", се сеќава Хулен Лопетеги.
Зошто Лопетеги бил вечно трет голман ќе ви објасни ова видео:
4. Онесвестување во живо на телевизија
За време на Светското првенство 2006 во Германија, Хулен Лопетеги работел како експерт на телевизија. Во тоа време немал тренерска работа и решил да се посвети на работата во студио каде ги анализирал натпреварите: Еднаш имал непријатна ситуација затоа што додека го читал составот на една репрезентација, се онесвестил. Шест месеци подоцна овој момент бил дел од рекламната кампања на банката Banco Gallego.
5. Тренерски принципи
Дури и во текот на играчката кариера, Лопетеги подробно ги прашувал своите тренери за тренажниот процес - така на пример во Кастиља Висенте Дел Боске долго време повеќе од еден час му раскажувал за пресингот. Во Барселона, Хулен се сретнал со Мурињо кој тогаш беше во стручниот штаб:
„Мурињо ги работеше тренинзите и уште тогаш беше видлив неговиот ум, неговата јака личност", се сеќава Лопетеги на работата со Жозе.
Харизматичниот Лопетеги неуспешно ја започнал тренерската кариера во Рајо Ваљекано, предградието на Мадрид, но решил неколку години да собира материјал и знаење, учел, внимателно впивал од искусните и во еден момент станал скаут на Реал на меѓународниот пазар.
До 2008. година, Лопетеги формулирал сопствена филозофија на работа: неопходно е да се тренираат максимален број необични ситуации на тренинзите со цел играчите да најдат интерени решенија, а не суровиот шаблон.
„Не мислам дека на теренот ќе имаат време да размислуваат за акциите. Играчите мора да научат бистро да реагираат и да доведат некои акции до автоматизам, да ги играат сами од себе. Мора да бидеме внимателни да не ја убиеме креативноста. Играчот е должен да се осети слободен. Тој не е лице од PlayStation.", вели Лопетеги.
Дека овие тези не биле само празни зборови, Хулен Лопетеги им носел цд со тренинзи на секој од играчите. Толку бил фокусиран на работата што еднаш на еден играч му дал празен диск за да види колку го слушаат. Кога дошол следниот ден, го прашал дали го гледал, а фудбалерот му одговорил: „Да, да, многу јаки тренинзи".
Таквиот пристап на Лопетеги му донел две европски злата со Шпанија до 19 години (U-19) и до 21 година (U-21). Во Порто Хулен Лопетеги го составил најмладиот тим во клупската историја со просечна возраст од 24 години.
Како резултат на тоа, тимот од Драгао стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите во 2014/2015, но шест месеци подоцна немало доволно финансиски средства и Хулен Лопетеги дал оставка.
Вчера шпанската фудбалска федерација го промовираше во нов селектор, овојпат ќе тренира нешто постари фудбалери во сениорскиот состав како наследник на големиот Дел Боске. Се надеваме дека ќе го гледаме на „Филип Втори" во Скопје во квалификациите за Мундијалот во Русија 2018.