Артим Шаќири го испративме во репрезентативна пензија, а селектор беше Мирсад Јонуз. И покрај поразот, сепак за издвојување е желбата и борбата на нашите репрезентативци кои во прво полувреме водеа против тазе Европскиот првак со 2:0. Пандев на два пати го матираше Пепе Реина, а Пујол го легна на земја за лудница на трибините и коментар на Калински во негов стил.