Пред една недела Лас Палмас објави дека за нов тренер го назначува Пако Хемез. После 17 кола неговиот нов клуб собрал 11 бодови и уверено патролира на дното од Ла Лига.
Затоа и го одбрале него, зошто Пако знае да работи со малобуџетни клубови.
Неважно е дали тој ќе го спаси Лас Палмас или не. Важно е што тој сака ултра офанзивен фудбал и своите јајца ги остави против Реал (тој меч заврши 10-2 за „Кралскиот клуб“ но Пако им се надигруваше), плачеше по испаѓањето во сегунда и се дружи со Гвардиола.
Во септември 2017 Пако бил во бригадите волонтери кои ги средувале последиците од разорниот земјотрес во Мексико. Со еден збор, Пако е лик.
НЕГОВИТЕ ЕКИПИ ИГРААТ БЕСЕН ФУДБАЛ
„Јас бев централен дефанзивец. За мене нема ништо поедноставно од тоа да ја гледаш играта од одбрана. Во некои ситуации ние ги користиме тие опции. Но фудбалот е за гледачите и во прв ред должен сум да мислам за навивачите кои дошле на трибини. Каков е тој фудбал по ѓаволите ако гледачите не чувствуваат задоволство?“, вели Пако.
Љубовта за гледачите и веселбата ја имал од детството - неговиот татко бил артист и играл фламенко.
Хемез бил одбранбен играч на легендарниот Депортиво, настапил и за репрезентацијата на Шпанија и го викнале на Евро 2000. Уште тогаш Хемез се стремел кон поседот на топка:
„Кога тренерот бараше од мене да го префрлам теренот со долга топка, го пцуев во себе“, се сеќава Пако на играчките денови.
Филозофијата на Пако Хемез лежи на принципите на тн. Juego de posición - најпозициониот фудбал чијшто основоположник е Хосеп Гвардиола.
Филозофијата во глобала се стреми на напад. Офанзивен фудбал, висок процент на посед на топка, висок пресинг. Екипите кои ги води Пако Хемез стално играат така.
Таквата лојалност кон напаѓачки фудбал на гол повеќе еднаш го однесе во катастрофа: 10:2 од Реал, 6:1 од Барселона, 5:0 од Атлетико. Но Пако никогаш не помислувал да смени тактика.
На прв поглед таа тактика да ја играш во клубови од типот на Рајо и Гранада е лудост. Малобуџетните аутсајдери често се на својата половина, паркираат автобус пред гол и се бранат. Но филозофијата на Хемез не е само безглав напад, туку и напорна работа на тим аналитичари а самиот Пако дневно со исклучок на денот кога се игра натпревар, поминува по неколку часа во својата канцеларија и конференциска сала.
Пола ден гледа видеоанализи во конференциската сала и уште 40 минути трча со играчите за време на тренинзите.
Колку е натрупан кабинетот на Пако, еднаш раскажал видеоаналитичарот на Рајо Ваљекано Диего Перез. Пако добива анализи на противниците и писмен извештај на 50 страници. Втората етапа на аналитиката се видеоанализи на силните и слабите страни на противникот, а третата е видеоанализа на конкретни фудбалери.
Сите овие извештаи ги праќаат на IPad за секој играч да може во секој момент да ја види статистиката и хајлајт од конкретен ривал. Пако е опседнат со внимателно планирање на напаѓачкиот хаос.
По жестокиот и беспоштеден ден во базата, Пако се враќа дома кај семејството. Неговата жена е модел од Галиција, Ванеска Роче, и тие двајца имаат три деца - сите ќерки. Најстарата ќерка Надја има 18 гдини таа студира, патува и ги обожава своите родители.
Средната ќерка на Пако има 13 години, та аучи во школо и патува со родителите на одмор. Најмалата има две години. Семејството најчесто патува по Европа а во Шпанија омилено место им е Ибица. Пако е познат киноман: со женаму редовно одат на кино премиери или по ресторани и ноќни клубови со шпанските селебрити.
ПАКО ЈА ВНЕЛ НАЈБЕДНАТА ЕКИПА ОД ПРИМЕРА ВО ЕВРОКУПОВИ
Рајо Ваљекано во сезоната 2009/2010 немал пари, играчи, немал никакви амбиции. Во 2011-та направиле чудо во шпанската лига, се спасиле и не испаднале со два бода над зоната за испаѓање.
Во 2012-та Хемез стана тренер на Рајо, а буџетот на клубот тогаш се вртел околу 7 милиони евра. По повод финансиската состојба на клубот Пако рекол:
„Најтешко за еден тим се големите финансиски проблеми и недостигот на играчи. За мене како тренер ова е најтежок тип на давење. Реал и Барса се под притисок зошто мора постојано да победуваат. Но ако една сезона еден од нив не ја освои примера, ништо страшно нема да се случи. Ќе добијат злобни новински статии но ќе останат големи клубови. Ако Рајо испадне во Сегунда, клубот може да го снема. Крај.“
Уште од првиот ден на работа Хемез ја запалил својата банда. Сите заедно изгледале како група лудаци. И кога примале по четири гола, давале три во одговор (како против Атлетико во есента 2012-та). На крајот од таа сезона Рајо бил втора екипа во Примера по посед на топка - 55,6%, само Барса била пред нив. По просечни удари на гол (14,9) биле втори после Реал Мадрид.
Завршиле осми и поради дисквалификациите на Малага која имаше проблеми во УЕФА, влегле во Лига Европа. Но не за долго - во буџетот од 20 милиони евра имале кредитна задолженост и Фудбалската федерација на Шпанија (RFEF) не им дала лиценца за учевство во еврокуповите. Рајо се жалил апелациски на арбитражниот спортски суд во Лозана но без успех.
УЖИВАЊЕТО ВО ФУДБАЛОТ МУ Е ОД ГВАРДИОЛА
Хемез фудбалски влече и од Луис Енрике со кој играше во репрезентацијата на Шпанија и од Карло Анчелоти: „Гледајте ги дуелите на Рајо ако сакате да видите прав шпански фудбал“, рекол еднаш Карлито.
А најголем респект Пако добил од Хозеп Гвардиола. Во книгата „Pep Confidential“ (пишана од Гвардиола за првата сезона во Баерн) Каталонецот се восхитува на напаѓачкиот стил кој го негува Рајо Ваљекано.
„Во светот останаа три екипи кои се доволно храбри да играат во сличен стил: Баерн, Барса и Рајо Ваљекано“, раскажал Пеп.
Во интервју за мексиканскиот RÉCORD додека беше тренер во Мексико неодамна, Пако Хемез признал дека Хозеп Гвардиола му е добар другар.
„Ние бевме соиграчи, бевме противници, ривали многу години, одевме на курс за тренери. Исто гледаме на многу работи, во таа смисла и на фудбалска тактика“, рекол Пако.
Во 2016-та Хемез ја презеде Гранада која тоа лето доби сопственици од Кина. Посредник на целата зделка била агенцијата Media Base Sports на брат му на Пеп, Пере Гвардиола. AS пишувал дека Пере имал бланко карта и можел да става свои луѓе на клучни позиции, па така и на тренерската. Така Пеп на брат му го препорачал Пако Хемез. Но проектот не издржал долго - после неколку месеци Хемез го отпуштија а Гранада сезоната испадна во сегунда.
Шпанскиот новинар, писател и експерт на beIN Sport Español Тони Падиља прокоментирал: „Хемез е следбеник на школата на Гвардиола. Тој се среќава со Пеп и делат мислење еден со друг. Гвардиола секогаш добро зборува за него“.
КОГА ГИ СТАВИЛ СВОИТЕ МАДИЊА И ИЗГУБИЛ
На 20 декември 2015 година Рајо Ваљекано го играше мадридскиот дуел со Реал на „Бернабеу“.
Новинарите на AS пред мечот зборувале со Пако: „Ги ставам своите мадиња дека ќе го одиграме најдобриот меч. Дента кога делеле мозок, мене не ми дошол ред, ама кога давале јајца, јас сум добил најголеми. Нашата екипа е безнадежна кога се брани. Ако се приближиме до својот гол, ќе го изгубиме секој меч. Затоа ни против Реал нема да отстапиме од својата филозофија“.
*Реал ги потепа 10:2 за историска победа*
После мечот Пако црвенеел од срам и признал дека фудбалерите плачеле во соблекувална: „Овој инцидент треба да се заборави што поскоро. Сакам да ги поддржам своите играчи, тие се просто скршени. Долго време не сме доживвеале нешто вака апсурдно и срамно. Болно беше да се влезе во соблекувална и да се види како плачат професионалци“.
Пако е познат како голем мотиватор. На тренинзите и мечевите цело време стои, гестикулира, мавта, помага како тој да е играч.
По испаѓањето на неговиот Рајо во втора лига во 2015-та, Пако Хемез плачеше од тага на сред терен.
ХУМАНАТА СТРАНА НА ПАКО
Искреноста на Пако не се ограничува само на фудбалски терен. Во есента 2014-та локалниот новиар Фернандо Себастијан му пратил фотографии на Пако од станот на некоја жена Кармен Мартинез од предградието Ваљекано (близу Мадрид, реон на клубот Рајо).
Новинарот му раскажал на Пако Хемез дека судот досудил во корист на некоја организација на која нејзиниот син должел пари, па им го одземале станот и пензионерката со синот ги оставиле на улица. Долгот изнесувал 77.000 евра.
Хемез тогаш ја информирал управата и на негова иницијатива била свикана специјална прес-конференција посветена на ситуацијата на Кармен Мартинез. Решението не било лесно, па Пако се решил да им плаќа кирија извесно време.
Управата одлучила на првиот домашен меч на Рајо да организира благотворна акција: 5 евра од секој продаден билет (се собрале 11.604 навивачи) да одат на сметка на сињора Мартинез. Плус газдите на клубот реагирале кај локалната власт коишто ја земале старата жена под своја контрола и и нашле нов стан.
„Пако го загрижуваат социјалните проблеми. Знеев дека тој ќе помогне колку може“, рекол новинарот Фернандо Себастијан којшто ја почнал приказната.
Во ноември 2016-та Пако стана тренер на мексиканскиот Круз Азул. Во септември 2017 Мексико го погоди страшен земјотрес со магнитуда од 7,1 на Рихтер. Следниот ден Пако Хемез бил меѓу волонтерите кои помагале на најпогодените.
По неуспехот на Шпанија на Европското 2016 беше очигледно дека Дел Боске мора во пензија. Хемез бил на шорт-листата кандидати за селектор. Стилот и играта на репрезентацијата на Шпанија и филофозијата на Пако се поистоветуваат. Marca и AS вовеле анкета со прашањето: „Кого би сакале да видите како нов селектор на репрезентацијата“?
За Пако гласале 28,3% читатели на Marca и 23,3% читатели на AS. Хемез убедливо ги победил сите а Гвардиола имал 2% од гласовите.
Самиот Пако признал дека животен сон му е да ја води репрезентацијата. Во летото 2016-та тој стана тренер на Гранада а во договорот имало клаузула која му дозволува да го напушти клуботи и да оди да работи со „Црвената Фурија“.