Стручниот штаб на Гранада со време да седне и да разговара со голманот Марк Мартинез. Прво ова не е селска лига, туку Ла Лига и второ, следен месец стартува новата сезона. Одиграа пријателска против Лас Палмас која заврши 1:1. За прволигашки голман во Шпанија ова се срамотилаци.
Дарвин Мачис од Венецуела ја крена на нозе публиката, откако по една индивидуална акција со бомбастичен удар го матираше Јан Облак. Гранада го совлада Атлетико со 2:1, а тоа е веќе рекорден четврти пораз под водство на Диего Симеоне.
Од сите досегашните ВАР одлуки во фудбалот, оваа е најјака. Не е за спорен гол, пенал или црвен картон, туку опомена до судијата дека прерано свирнал крај, па ги враќаше играчите од соблекувална. И тоа ова се случува во првата шпанска лига.
Службите за безбедност на мечот од четвртфинале во Лига Европа меѓу Гранада и Ман. Јунајтед ни на крај памет не размислувале дека спокојната вечер на празен стадион ќе ја прекине натрапник.
Нема година без некоја драмолетка во Куп натпреварите и тоа не само во Шпанија. Реал испадна од третолигаш уште во топ 32, каде Барса се спасуваше во продолженија исто така со третолигаш, а синоќа направи лудачки пресврт со Гранада во топ 8.
Синоќа додека Реал се бламираше во Купот на Шпанија, се одигра и еден меч од Ла Лига. Виљареал и Гранада дадоа по 2 гола, а од сите 4 највреден за гледање е оној на Роберт Кенеди во 75' за конечни 2-2.
Во ситуација кога Барселона и Реал Мадрид потрошија по 200 до 300 милиони евра на трансфери, кога ќе се погледне првопласираната екипа на табелата во Шпанија, ретко кој не прашува да не е некоја грешка.
Еден од ретките тренери со кој Пеп Гвардиола сака да седне да се напие вино и да дискутира за фудбалот цела ноќ. Пако Хемез е култен јунак на предградието на Мадрид, Ваљекано. Пола Шпанија сака еднаш да го види како селектор на репрезентацијата.
Шпанската Гранада во Примера е како неодговорен студент кој сака да ги реши испитите. Во последните пет години „Насриди“ редовно се спасуваа од испаѓање во понизок ранг а тенденцијата продолжи и сезонава.
Шпанскиот прволигаш Гранада смислил оригинален начин за да ја претстави новата опрема за новата сезона. Ги облекле главните три споменици пред Градската куќа во дресовите и шорцевите на клубот.
Некои случки од историјата на фудбалот изгледаат нелогични и тешки за објаснување, па ако нешто не ви е јасно за оваа жалиме што ќе мора така да остане така. Одиме со приказната која е поткрепена со видео.
Голманот на хрватската репрезентација и на Гранада, Иван Келава изјави дека соиграчите му кажале дека Реал ќе ги премира во случај да и скинат некој бод на Барса во последното коло.
Вотфорд почнува да сфаќа колку голема работа им завршил нигерискиот напаѓач Одион Игало кој летово одби астрономска понуда од Кина за да остане во клубот и да стане најдобар стрелец во премиерлигашката историја на жолто-црните.