Убаво голче на Гранада за најголема криза на Симеоне во Атлетико

Дарвин Мачис од Венецуела ја крена на нозе публиката, откако по една индивидуална акција со бомбастичен удар го матираше Јан Облак. Гранада го совлада Атлетико со 2:1, а тоа е веќе рекорден четврти пораз под водство на Диего Симеоне.

За Гранада ова е прва победа над Атлетико после 1973-та година, а за Симеоне најлоша серија од четири порази во низа откако е нивен тренер. Претходно загуби од Севиља, Реал и Мајорка.

Реал Мадрид има 46 бода, а Атлетико 29. Тоа значи дека оваа највисока разлика од 14 бода меѓу нив, сега изнесува 17.

23 декември 2021 - 09:07