Приказна за фудбалскиот пат на Одион Игало

Од тренинзи на поле со марихуана до Премиер лига

Вотфорд почнува да сфаќа колку голема работа им завршил нигерискиот напаѓач Одион Игало кој летово одби астрономска понуда од Кина за да остане во клубот и да стане најдобар стрелец во премиерлигашката историја на жолто-црните.

Едно јунско утро, непознат број го разбудил нигерискиот агент Лади Салами. Му ѕвонеле од Кина, од клубот за кој Салами никогаш не слушнал иако соработувал со оваа земја кога од Молде го продал напаѓачот Чукву во Шангај.
 
Додека се прозевал Салами им кажал дека неговиот клиент Одион Игало само што стигнал во Вотфорд и нема намера да ја напушта Премиер лигата. Но кога Кинезите му ја кажале сумата што ја нудат, Салами за малку не паднал од кревет и побарал да му ја повторат.
 
Веднаш седнал на сребрениот лап-топ што го купил со дел од парите од трансферот на Умару Бангура во белорускиот Динамо Минск и отворил да прочита за клубот што нуди „ридови и планини“ за 3-годишен договор со напаѓачот. Екипата се вика Хебеј Чајна Форчун а главен тренер бил Радомир Антиќ. Понудата гласела со седум нули и агентот веднаш му се јавил на својот клиент кој одморал во Нигерија летово.
„Кога ќе дојдеш во Лондон? Едни Кинези нудат прекрасни пари и сакаат да разговараат со тебе“. -Мора да се шегуваш пријателе, следната недела ми почнуваат припреми со Вотфорд, какви Кинези, чао“.

После седум дена, Игало сосема мирен дошол во Лондон на тренинзи со Вотфорд и мислел дека агентот само се шегувал со него. Кога го викнале од управата, влегов во канцеларијата на претседателот Поцо кој седел со двајца Кинези, газдата на Хебеј и спортскиот директор кои за 10 минути се договориле со Италијанецот за трансферот на Игало.

Џино Поцо е син на Џампаоло Поцо, газдата на Удинезе и Гранада. Нивниот семеен бизнис е да најдат непознати фудбалери во Чиле, Норвешка, Словенија и други земји и да ги продадат за поголема цена.

„Што мислиш? Ќе зборуваш ли со нив? Ние сме согласни за трансферот", му рекол Поцо на Нигериецот кој не сакал да замине од Премиер лигата и му побарал малку време да размисли. „Цел живот мечтаам да играм во Премиер и сега кога ми се исполни желбата, не одам никаде. Не сум на таа возраст да играм за пари. И ако купите уште еден шпиц, јас ќе останам да се борам за место во тимот", одговорил Одион Игало.

За Манчестер Јунајтед и Премиер лигата, Игало сонувал и додека трчал по смрдливите полиња со марихуана во местото Апапа во Лагос. Живеел во колиба која што неговиот татко ја изградил за жената и седумте деца од кои Одион бил најмал со неговата сестра близначка Џулиет.

Игало израснал во гето каде деноноќно немало струја, чиста вода, адекватни патишта ниту работа за младите. Мајка му на Игало работела по 17 часови во продавница за безалкохолни пијалаци и му купила на малиот Одион копачки Адидас, за да не трча бос по игралиштата.

Во интервју за Мирор, Игало раскажал дека неговата локална екипа Олоди Вориорс играла на поле со марихуана, каде секојдневно дилери бегале од полиција која пукала во нив. На 17 години Одион заиграл за тимот Џулиус Бергер каде го забележале агентите Марсело Хаусман и Ата Анеке кои го однеле во норвешкиот Лин заедно со Џон Оби Микел кој таму ја почна европската кариера. Малиот Одион не можел да се адаптира на температурата која била дури 17 степени пониска од родниот Лагос во Нигерија, но и покрај тоа дал гол на дебито.

„Првпат во животот видов снег и се однесував како дете. Го јадев, го ставав на глава, го фрлав на сите страни. Но не можев да издржам толку студено и решив да се вратам во Нигерија“, изјавил Одион.

Во 2015-та година откако со Вотфорд влезе од Чемпионшип во Премиер, Игало го прашале каде најмногу би сакал да игра во новата сезона од Премиер. Без размислување одговорил:

„Олд Трафорд. Би ми се остварил сонот да играм против Манчестер Јунајтед, тимот за кој навивам уште од дете“.

(Игало во детството со дрес на Манчестер, прв од лево)

Во 2008-та година, Удинезе го купил Одион за два милиони евра. Во Удине во тој период играа: Алексис Санчез, Тото Ди Натале, Фабио Кваљарела и Антонио Флоро Флорес, така што за Игало немаше доволно место. И покрај тоа даде 1 гол против Каљари на Макс Алегри.

Со текот на времето, газдата на Удинезе Џампаоло Поцо, жена му Џулијана и синот Џино го оставиле бизнисот со мебел и ја развиле семејната фудбалска империја. Џино се преселил во Шпанија со жената од Каталонија и сакал да купи акции во Еспањол, но го одбиле и влегол во третолигашот Гранада која имала долгови од 12 милиони евра.

Семејството Поцо префрлило дури два тима од Удинезе во Гранада а меѓу нив бил и Одион Игало. Токму Нигериецот бил најзаслужен за грандиозниот успех на Гранада која со неговите голови стигна до Ла Лига за првпат во историјата. Еден дел од стадионот се вика Одион Игало во негова чест.

По авантурата во Шпанија каде го сакаат како Бог, Игало замина во Вотфорд кај шефот Џанпаоло Поцо. Сезонава е прв стрелец на Премиерлигашот со 7 голови. Игало секој месец праќал пари во родниот крај. Го помагал семејството, но и неколку самохрани мајки. Во план му било да отвори фудбалска академија во Аџегунле, неговото родно село. Во таа намера ќе го поддржат и Тарибо Вест и Емануел Амунике кои барале во селото да стигнат струја и вода.

Навивачите на Вотфорд му смислија песна на Одион Игало: