Меч со 8 гола не може да не биде драматичен, особено со ваков пресврт во режија на Меси и другарите. Гранада синоќа во 88-ма минута имаше солидна предност од 2:0 за пласман во полуфинале на Копа Дел Реј, но сепак е елиминирана.
Меси кој синоќа стигна до рекордни 300 асистенции во рок од четири минути со долг пас на ист начин два пати го најде Гризман на втора. Првиот пат Французинот ја пикна на прва во гол, а потоа го најде Алба за 2:2 и продолженија.
Потоа Алба му возврати на Гризман за асистенцијата, а домаќините по само 3 минути израмнија на 3:3. Но головите паѓаа како круши. Де Јонг му донесе ново водство на каталонскиот тим, а печатот на мечот го удри двојниот стренец Алба со прекрасен волеј на додавање на Гризман кој мечот го заврши со 2 гола и 2 асистенции.
За Барселона ова е 13-то полуфинале во Купот на Шпанија во последните 15 сезони во кои 9 пати е финалист и 6 пати освојувач. Ждрепката е закажана за утре, а другите полуфиналисти се Севиља, Леванте и подобриот од денешниот дуел Бетис - Атлетик Билбао.
1:0 - 33` Кенеди
2:0 - 47` Солдадо
2:1 - 88` Гризман
2:2 - 92` Алба
2:3 - 100` Гризман
3:3 - 103` Феде
3:4 - 108` Де Јонг
3:5 - 113` Алба