Настрада судијата по поразот од Реал

Фудбалерите на Гранда својот гнев заради поразот од Реал Мадрид го истурија на судијата.

Гранада водеше се до 81-та минута, но на крајот Реал Мадрид победи и тоа со гол од пенал и автогол во 93-та минута.

Со овој пораз Гранада се најде на два поени над зоната за испаѓање, па фудбалерите по завршувањето на натпреварот му се истурија на судијата, а Дани Бенитез го погоди со пластично шише во главата.

6 мај 2012 - 00:45