Во квалификациите за Карипскиот Куп 1994-та на стадионот Сан Мишел на островот Барбадос, последниот меч го играа Барбадос и Гранада. Претходно Барбадос бил поразен од Порто Рико со 1:0, а Гранада го совладала Порто Рико 2:1.
Системот бил еднокружен и на средбите морало да има победник. Гранада и Порто Рико имале по 3 бода. Првите со гол разлика 2:1, а вторите 1:0. Со оглед на тоа што Барбадос имал гол разлика 0:1, морал да слави со два гола разлика за да заврши прв во групата.
Беа многу блиску до остварување на целта бидејќи до 83 минута водеа 2:0, но Гранада во тие моменти намалува на 2:1 и така на Барбадос му остануваат само 6 минути да постигне уште еден гол за да се пласира понатаму.
Во нормални натпреварувања тоа се знае како оди, жесток притисок пред голот и ставање уште еден или двајца напаѓачи, но тука тоа не оди така. Ќе ве потсетиме дека според правилата мечот не можел да заврши нерешено, па така морал да се реши на златен гол во продолженија два пати по 15 минути или на пенали.
Но за овие квалификации да бидат епски и единствени се погрижи едно друго правило. Златниот гол се смета како два гола. Тоа правило придонесе натпреварот да се претвори во циркуз.
Во 87 минута фудбалерите на Барбадос си постигнаа автогол, ама намерен со план да одат во продолженија каде ќе имаат повеќе време за златен гол вреден победа и прво место. Тоа донесе до уште една комична сцена, бидејќи на Гранада и одговараше и победа и пораз од 3:2.
Додека фудбалерите на Гранада во последните минути се обидуваа да постигнат гол на било која страна, Барбадос ги бранеше и двата. На својот гол имаше голман и четворица играчи, а другите стражареа пред голот на Гранада.
Тактиката им успеа и мечот отиде во продолженија каде стигнаа до златен гол и победија со потребните 4:2.
Овој меч се смета за урбана легенда и среќа што е поткрепен со доказен видео материјал.
Автоголот на Барбадос
Целосно видео со објаснување