Кој се сеќава, кој не, првиот златен гол падна во златните 90-ти за фудбалот, време од кое паметиме многу звучни имиња, херои на нашето детство. Стрелец е поранешен шпиц на Милан, инаку специјалист за игра со глава.
Има една урбана легенда од Карибите која не е мит, туку жива вистина. Поткрепена е со видео доказ и инфо на Википедија и немојте да очајувате ако не ја сконтате од прва, бидејќи е стварно необична, единствена и неповторлива.
На 30. јуни во финалето на ЕП 1996 на Вембли се сретнаа Германија и Чешка. Во мечот кој заврши 1:1 во регуларните 90 минути, се одеше кон продолженија каде Оливер Бироф го постигна првиот Златен гол на едно големо натпреварување. Правилото, кое на многумина им делуваше глупо значеше оној кој ќе даде гол во продолженија е победник и мечот завршува без доигрување на останатото време. Тоа беше и прв голем пехар за обединета Германија.
Некои случки од историјата на фудбалот изгледаат нелогични и тешки за објаснување, па ако нешто не ви е јасно за оваа жалиме што ќе мора така да остане така. Одиме со приказната која е поткрепена со видео.
Сигурно сте ги заборавиле реакциите на нашите коментатори за голот на Оле Гунар Солскјер против Баерн 99-та? Или англискиот коментатор Мартин Тејлор после златниот гол на Кун Агуеро за Сити во последното коло на Премиер лигата? Или оној на Серхио Рамос против Атлетико Мадрид?