Голот на Жулиано Белети против Арсенал во финалето на ЛШ 2005/2006
На 9 минути пред крајот на основното време, после пасот на Ларсон кон голот Тобџиите во Париз тргна Жулиано Белети кој го матираше Алмунија за 2:1 за Барса. Се испостави дека тоа е последен гол на натпреварот и победа на Блауграна. Меѓутоа со текот на времето стана јасно дека многу луѓе не обрнаа внимание на тој момент, како да не беше мигот што ја реши средбата. Готово три години не даде гол за Барселона на домашен терен и Белети го сметаа за еден од неуспешните трансфери во Барса на исто ниво со Габи Милито и Максвел. Беше типично студиозен и вреден бразилски дефанзивец кој ретко кога одеше подалеку од средниот ред со што ги оставуваше напаѓачите отсечени.
Но кога дојде време даде гол, тоа го направи на најважниот меч за Барса таа сезона. На негово жалење, повеќе се паметеше играта на Саумел Ето кој подоцна го прогласија за играч на мечот. Многу тоа финале го сметаа за битка меѓу Роналдињо и Анри.
Голот на Рамирес против Барселона - полуфинале на ЛШ 2011/2012
Го паметите тој натпревар, кога зборуваа за автобусот на Челси? Сè почна на денот кога страшната Барселона на Пеп Гвадриола истрча на теренот против тимот на Роберто Ди Матео. Огромно мнозинство го сметаше Каталонскиот клуб за јасен фаворит. Лондонците таа сезона играа несигурно, но ја победија Барселона со 1-0 на Стемфорд Бриџ. Сините во реваншот покажаа јуначки карактер. Играа повеќе од едно полувреме со играч помалку на Камп Ноу, откако Џон Тери беше исклучен и тоа при резултат 1:0 за домаќинот. Барса имаше гомила шанси и бројчана супериорност, но пред паузата беа казнети за пропуштените шанси. Рамирез постигна ефектен гол после лобот на Валдез.
За жал или за среќа, овој страшен гол остана во сенка на вториот гол на Челси во изведба на Фернандо Торес на крајот од натпреварот. Барса напаѓаше за ново водство, по што Ел Нињо ги казни во 92-та минута по еден брз контра напад. Торес му избега на Бускетс, лесно го дрибна Валдес и ја погоди празната мрежа за 2-2. Челси влезе во финалето!
Голот на Роналдо против Холандија во полуфиналето на Мундијалот 1998. година во Франција
Во финалето на СП 98', Французите неочекувано го разбија Бразил со 3-0. Зинедин Зидан постигна два гола во финалето и стана херој на првенството. Неговите фотографии беа проектирани на Триумфалната капија во Париз истата вечер, а присутните скандираа Зизу за претседател!
На тој начин Мундијалот мина во знак на Зидан, а не на Роналдо кој по статусот нималку не заостануваше зад Французинот. Но на час и половина пред финалето, Рони бил на клиника поради болки во коленото. Феноменот на тој меч загуби осум од 16 добиени топки и погоди само еднаш во рамките на голот на Фабиен Бартез.
Без никаква цел да се занемари страшниот настап на Зизу, треба да се напомене дека Роналдо речиси самостојно ја донесе Селесао до финалето на Светското. Рони имаше 22 години, даде четири гола и три асистенции. Четири години подоцна, „Заблето" се врати и се одмазди за сите негови претходни лоши искуства. Во Јапонија и Кореја во 2002 ја доби Златната топка, но тоа е друга приказна.
Голот на Един Џеко против Квинс Парк Ренџерс - последно коло на Премиер лига 2011/2012
Англиското првенство од 2012. година ќе остане запаметено по третата титула на Манчестер Сити, а прва освоена после цели 44 години. Во драматичниот меч против Квинс Парк Ренџерс кој го добија 3:2 и го тргнаа Јунајтед од првото место, се испиша историја.
Сите беа сигурни во титула на Манчестер Јунајтед кога семафорот во судиското продолжение покажуваше 1-2 на Етихад за КПР. Кога целиот стадион ја спушти главата, зрак надеж во судиското продолжение донесе Џеко со глава за 2-2. Останаа уште само 3 минути. Овој гол, без оглед на сè може да се смета за пресврт иако последниот гол на Агуеро и громогласното англиско Aguerooooooo! се единствено сеќавање од овој меч.
Голот на Теди Шерингам за 1-1 на легендарниот меч против Баерн Минхен:
Еден од најинфарктните дуели во Лигата на шампионите се одигра 1999. година на Камп Ноу. Баерн Минхен Баварците водеа 0-1, но Теди Шерингам даде еден гол колку да им ги „исече нозете" на Германците и неговиот погодок беше идеална подлога за вториот гол кој го даде Оле Гунар Солскјер. Сепак, сликата на прославата на голот на Норвежанецот е најчесто врежана во нашите глави, иако најголем дел од работата заврши токму голот на Шерингам.