Во спектакуларен натпревар одигран во Глазгов, Шкотланѓаните водеа четири пати, Данците се враќаа два пати и тоа еднаш со играч помалку, минути ги делеа од сонуваното Светско првенство но на крај Шкотска е цела во екстаза!
Шкотланѓаните одат на Мундијал првпат после далечната 1998 година!
Мечот почна лудо: Скот Мектоминеј, лидерот на домаќините и на Наполи уште во 3' минута постигна неверојатен гол со ножички за делириум на стадионот:
На полувреме се отиде со резултат 1-0 за Шкотска, а во вториот дел Данците израмнија во 57' минута преку уште еден фудбалер на Наполи, Расмус Хојлунд од пенал:
Само четири минути подоцна Данска остана со играч помалку по црвениот картон (втор жолт) на Кристенсен.
Во 78' минута повторно ерупција на стадионот во Глазгов. Лоренс Шакланд погоди за 2-1:
Скандинавците уште еднаш покажаа дека се еднакво тврда селекција, упорна како вечерашниот ривал и израмнија 2:2 во 82' минута со играч помалку. Стрелец фудбалерот на Манчестер Јунајтед Патрик Доргу:
Кога се изгледаше готово по Шкотска и уште една пропуштена шанса за директен пласман на Мундијал, Киран Тирни во длабоко судиско продолжение, во 90+3' минута постигна прекрасен еврогол за 3:2!
Како шлаг на тортата, на истекот на продолжението и во буквално последните секунди од натпреварот Кени Меклин го лобуваше Каспер Шмајхел речиси од пола терен за конечни 4:2 и земјотрес на трибините:
Славјето и солзите на фудбалерите на Шкотска и на илјадници навивачи на трибините: