Се сретнаа Кристијано Роналдо и Доналд Трамп

На официјална свечена вечера во Белата куќа каде домаќин бил првиот човек на САД Доналд Трамп, а меѓу главните гости саудискиот принц Бин Салман и славниот Кристијано Роналдо, се зборнало и за фудбал.

„Тој е лидер во светот на спортскиот бизнис. Син ми е голем љубител на Роналдо. И Барон (Трамп) сакаше да го запознае и мислам дека сега го почитува татко си малку повеќе поради фактот што го запознав (со Роналдо)“.

40-годишниот Кристијано Роналдо според некои наоди е за првпат во САД после 2016-та година. Тој пред неколку години беше обвинет од извесна Кетрин за сексуален напад во хотелска соба во Лас Вегас во 2009-та што тој категорично демантираше а потоа и го доби предметот на суд.

Во 2019-та година обвинителството во САД изјави дека не се води ниту еден предмет за Кристијано Роналдо поради недостиг на докази.

Во 2023-та Португалецот кој важи за најдобриот стрелец во историјата на фудбалот (најдобар голгетер во Лига на шампиони, најдобар стрелец во историја на Реал Мадрид и Португалија) отиде во Саудиска Арабија и потпиша со Ал Наср.

Стана најплатен светски фудбалер, неговите заработки се астрономски и според договорот наводно заработува околу 200 милиони долари годишно или повеќе од пола милион долари дневно.

Во јуни годинава Кристијано Роналдо потпиша нов две-годишен договор со Ал Наср вреден 400 милиони долари и стана првиот фудбалер-милијардер според Блумберг кој му го процени богатството на 1,4 милијиарди долари.

19 ноември 2025 - 10:28