На 6' минута од мечот кој Манчестер Јунајтед го доби со 0:2 на терен упадна и „безглаво“ трчаше еден непланиран натрпаник.
Соблечен пиштол гол натрапникот трчаше по теренот на „Нуево Лос Карменес“ и во еден момент се тркалаше по тревникот. Набрзо го фати полицијата и го изнесе од терен и од стадион.
Непоканетиот гостин се викал Олмо Гарсија. За него локалните медиуми пишувале неколу пати. И покрај тоа што на теренот делуваше како пештерски човек кој слегол во урбан свет, Гарсија одамна, уште од 2004-та води бизнис со продажба на препарати за здрава исхрана и суплементи.
Шпанска Marca пренесува дека Олмо Гарсија наводно правел вакви упади со цел да ја подигне свеста на јавноста за заштита на животна средина и еколошка свест.
Ама будалестите голи упаѓања на терен ги почнал во 2016-та.
„За мене тоа е способност да покажам чистина, смирување. Кога ќе се соблечеш ти си искрен со сите околу тебе. Јас никого не повредувам и сметам дека тоа е добро за јавноста“, објаснил еднаш Олмо зошто се соблекува гол во јавност.
Како влегол на стадион во време на затворени трибини и уште на тоа како упаднал, уште не е јасно.
Cada uno hace el Camino como quiere. Lo importante es ir ligerito. #VistoEnCompostela pic.twitter.com/9NI6kIZeiu
— María Cheda (@MariaCheda) July 16, 2020