По одличното издание со Италија и несреќниот пораз во 93 минута, нашите репрезентативци отпатуваа на тешкото гостување со голема желба да направат изненадување и да стигнат до првите бодови во групата, но противникот беше пресилен и потежок.
Петтата минута од натпреварот можеше целосно да ги промени настаните, доколку младинскиот репрезентативец Дарко Велковски кој доби шанса место стандардниот Шиков го совладаше Де Хеа.
Стоперот на Вардар имаше циста ситуација и од само 3-4 метри биеше право во голманот на Манчестер Јунајтед. Веднаш по најзрелата шанса на Македонија, Шпанците почнаа да ја плетат мрежата пред голот на Столе Димитриевски и да прават посед на топка во нивниот препознатлив стил.
Притисокот на домаќините се исплатеше во 34 минута, но по наша грешка. На една нафрлена топка, Велковски и Ристевски од преголема желба да ја расчистат ситуацијата пред гол, топката заврши во мрежата, а му беше запишан како автогол на Велковски.
Нашите репрезентативци имаа уште една шанса во првиот дел откако Пандев со глава биеше покрај голот. Македонија немаше игра како против Италија и речиси во целиот меч беше во подредена улога.
Во 63 минута одбраната киксираше, а Виктор Витоло зголеми на 2:0. Иако топката постојано беше кај Шпанците имаа 71% посед на топка, шанси на нашта страна имаше и во вториот дел. Најпрвин Алијоски реагираше лошо по еден кикс на одбраната на домаќините, а потоа Барди упати проектил во аголот на Де Хеа кој се фрли како мачка и му одбрани ударот.
Недостасуваа топки за Пандев и Несторовски од кои се очекуваше опасност во нападот, но Начо и Бартра се покажаа како одлични замени за Пике и Рамос и постојано го затвораа просторот.
Во 84-тата и 85-тата минута Црвената Фурија не дотолчи со головите на Монреал и Адуриз.
Квалификациите продолжуваа на пролет кога на 24 март ќе му гостуваше на Лихтенштајн.