ЕП 2016 Франција

Кој со кого, кога и каде во осминафиналето

Конечно може да ги исклучиме дигитроните. Познати се сите осминафиналисти и сите кои ги пакуваат куферите на пат кон дома.

Во пресрет на последното коло од групната фаза имаше еден куп прашалници, но сега конечно се е јасно и нема веќе броење, мерење, делење, множење, одземање, собирање.
 
Во осминафиналето на Европското првенство во Франција се пласираа победниците на групите: Франција, Велс, Германија, Хрватска, Италија, Унгарија, како и второпласираните: Швајцарија, Англија, Полска, Шпанија, Белгија, Исланд и третопласираните: Словачка, Република Ирска, Португалија и Северна Ирска.
 
На пат кон дома тргнаа: Турција, Албанија, Романија, Русија, Украина, Чешка, Шведска и Австрија.
 
ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ЌЕ ИГРААТ:
 
сабота 
Швајцарија - Полска (25. јуни во 15:00, Сент Етјен)
Велс - Северна Ирска (25. јуни во 18:00, Париз) 
Хрватска - Португалија (25. јуни во 21:00, Ленс)
 
недела 
Франција - Република Ирска (26. јуни во 15:00, Лион) 
Германија - Словачка (26 јуни во 18:00, Вилнев) 
Унгарија - Белгија (26. јуни во 21:00, Тулуз) 
 
понеделник
Италија - Шпанија (27. јуни во 18:00, Париз) 
Англија - Исланд (27. јуни во 21:00, Ница)