Хулен Лопетеги нема да ја предводи Шпанија на Светското првенство во Русија кое старутва за нешто повеќе од 24 часа, а причините за тоа се тајните преговори со Реал Мадрид, каде веќе го назначија како наследник на Зидан.
Шпанската фудбалска федерација утринава закажа прес конференција која доцнеше еден час, а на неа се појави само претседателот на федерацијата кој ја соопшти конечната одлука.
„Принудени сме да го раскинеме договорот со селекторот. Постојат некои правила на однесување, не може ние да дознаваме дека тој има клупски договор на два дена пред почетокот на СП, на само пет минути пред Реал Мадрид да го објави тоа на својата веб-страница. Хулен Лопетеги не реагираше онака како што треба, согласно нормите за однесување“, рече Луис Рубиалес.
Лопетеги неодамна потпиша две годишен договор на селекторската функција на Шпанија, а вчера и официјално беше потврдено дека тој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.
Играчите целосно застанале на негова страна и капитените Серхио Рамос и Андрес Иниеста побарале тој да остане, но во федерацијата се чувствуваат разочарани и решија да застанат цврство на својот став.
Португалија во петок со почеток од 20 часот ќе игра со Португалија, а другите две селекции во нивната Б група се Мароко и Иран.