Приказна за фудбалскиот пат на Диего Коста

Кога пргавиот Бразилец слетал во Мадрид со влечки и шорцеви

Како мал одел со камион со чичко му до границата со Парагвај, купувал бижутериски накит и потоа го препродавал во Сао Пауло. Добро му одело, заработувал пристојно и не сакал да му се врати на фудбалот. Не сакал сè додека не го сретнал агентот Хорхе Мендез.

АТЛЕТИКО МАДРИД

Новинарите го знаеле само неговото име, а остатокот им бил во магла. Висел некаде во Португалија, не играл некое време поради повреда и на крајот стигнал: презентација во Атлетико Мадрид.

Претседателот Енрике Сересо го нарекол Диего Коста вториот Кака, но што имаат заедничко овие двајца освен националноста? ’Да, ќе видите како игра, им рекол прес-секретарот на клубот на новинарите и им разделил DVD со снимки од игрите на Диего Коста’.

Тоа лето Атлетико ги донесе Форлан, Рејес, Луис Гарсија, Тиаго Мота и Симао Саброса, така што историјата со дискот завршила неславно. Тренерот Хавиер Агире решил да го изгледа дискот кога видел дека новиот Бразилец тренира со одврзани врвки од копачките и ги крати круговите на трчање.

„Типов не го боли уво“, му рекол Агире на спортскиот директор Хесус Гарсија Питарх. Ова дете од 18 години пропуштил 6-месеци поради операција на ногата, а сега не знае да си ги врзе ни врвците. Објаснете му како стојат нештата, тоа е ваша работа“.

Девет месеци претходно скаутот на Атлетико Мадрид, Хавиер Ернандес дошол на мечот Брага - Белененсеш. Него го викнал агентот Нуно Патрао кој што веќе го донел стоперот Зе Касто во Атлетико. Агентот покажувал уште еден дефанзивец, Роланд. Кратко прет мечот, скаутот наслушнал некој разговор на менаџерот на Брага за некој напаѓач висок 190 сантиметри кој дал неколку гола. 

Скаутот Ернандез се заинтересирал и утредента дошол да го гледа мечот на Пенафиел, за кој во тоа време играл Диего Коста. Можел да добие акредитација, но не сакал да се експонира, си купил карта и седнал на единствената трибина. Диего Коста изгледал чудно и помалку дебело, но вешто управувал со топката. На шпанскиот скаут не му се верувало дека има 17 години.

Директорот на Атлетико, Гарсија Питарх веќе слушнал за Диего Коста од супер-агентот Хорхе Мендес којшто на „Висенте Калдерон“ веќе ги донел Сеитаридис, Маниче и Костиња. Плус на сево ова и ентузијазмот од скаутот Ернандес и директорот тргнал на пат за Португалија. Таму истурал дожд а Питарх го паркирал автомобилот во близина на стадионот и го гледал мечот Варзим - Пенафиел од колата.

Директорот побарал од Хорхе Мендес да го запознае со Диего Коста. Се сретнале во Порто каде уживале во вечерата спремна од сопругата на Хорхе, Сандра. Гарсија Питарх кажал дека гледал три меча од Диего Коста и го викнал во Мадрид. Се било добро, но Коста два часа не кажал збор. Ова го збунило Гарсија Питарх, но Хорхе Мендеш настојувал: ’Земајте го или го лапна Порто’.

„Јорганџиите“ тогаш платиле 500.000 евра за 50% од правата на играчот којшто веќе одиграл три месеци во португалската лига а за возврат добиле услов - до крајот на сезоната да остане во Брага.

Во февруари 2007 година Диего Коста одиграл 20 минути на мечот од Лига Европа против Парма. Добил жолт картон и го дал победничкиот гол, но после две недели ја скршил метатарзалната коска и ја завршил првата европска сезона со интригирачка статистика - шест гола и 12 асистенции.

Во август 2006. година, администраторот на Атлетико Педро Пабло Матесанс го запознал Коста на аеродромот „Барахас“ во Мадрид каде дошол облечен во шорцеви, папучи и чорапи. Најмалку од се изгледал на вториот Кака.

„За кого сте играле во Бразил“, го прашал на прес-конференција новинарот Серхио Перела. Диего Коста бил збунет. Не знаел како пристојно да објасни дека не играл за никој посебно во Бразил.

Неверојатно, на првиот тренинг Диего Коста сам решил кој ќе игра со него. Дошол со еден негов глув другар Марио Сезар со што го разлутилл тренерот Флавињо: „Малиот не може да тренира со нас. Не разбира што му викам. -Јас ќе му покажувам со прст. Ако он си оди, ќе си одам и јас со него“, се заканил Коста.

На тоа Флавињо не можел повеќе. Како што би рекол познатиот рускио режисер Балабанов: „Публиката сака кога херојот ќе прими 50 куршуми, ќе се опорави и ќе оди да се одмазди“.

ДЕТСТВОТО СО ЧИЧКО ЕДСОН

Во тимот Лагарто, во неговиот роден крај, Коста бил таков херој. На еден меч го дал победничкиот гол откако му ја расекле усната и му го повредиле зглобот.

Пет години после таа победа со клубот од родниот крај, Диего Коста се преселил со семејството во Сао Пауло. Постариот брат Жаир (го крстиле така во чест на Жаирзињо, светскиот првак со Бразил од 1970-та) паднал во искушенијата на големиот град, излегувал со девојки во кино, во ресторани и на кафе.

Диего во тој период со чичко му Едсон патувал заедно со камион до парагвајската граница, купувал накит и го препродавал во трговскиот центар Galeria Pagé.

Возел моторче низ Сао Пауло заедно со девојка му која пет години подоцна ќе му стане жена и не делувал дека го интересира фудбалот. Единствено чичко му Едсон лелекал: „Врати му се на фудбалот, тренирај. -Чичо, ако поради тоа нема да можам да заработувам, не се враќам, батали“, одговорал високиот Диего.

Но Едсон не отстапувал и го однел Диего кај еден познат бизнисмен којшто бил газда на екипа со амбициозни име Барселона Еспортиво Капела. Диего морал да ја комбинира работата со фудбалот а еднаш требал да замине на турнир во Минас Жераис. Но тој не сакал затоа што ќе изгубел заработка од работата.

„Ќе ти платам колку што ќе треба, не му ја мисли“, му рекол чичко му Едсон.

На тој турнир Диего Коста бил забележан од Амаури Грасиани, претседател на клубот Уракан. Овој клуб бил познат по тоа што за него како напаѓач играл Дондињо (татко му на Пеле) кој на еден меч дал 5 гола со глава. Коста набрзо станал член на Уракан и со оваа екипа настапил на јуниорскиот шампионат на Сао Паули каде имало еден куп скаути и агенти.

Во полуфиналето на турнирот, Диего удрил намерно еден противнички играч, го пцуел судијата и го суспендирале на 4 месеци но смеел да игра во финалето („Не знам кој среди во позадина, но ми дозволија да играм“ изјави пред некоја година во интервју за El País).

После финалето, во големата врева на стадионот на Коринтијанс, агентот Хорхе Мендез му предложил на Коста трансфер во португалска Брага. Татко му и чичко му договарале, го убедувале дека е подобро малиот да оди прво во Сао Каетано. Мајка му плачела кога Диего 15 дена по раѓањето една вечер заспал, а таа до неговиот кревет видела змија отровница.

Извесна Жозелејда, детски лекар рекла: „Ако го каснала змијата, Диего за неколку минути може да искрвари и да умре“. Мајка му тогаш го земала Диего и заминала. Поминале 17 години, но таа уште не била спремна да го пушти Диего толку далеку - во Португалија. „Ми е гајле ако не ме пушташ, ќе избегам“, уште тогаш Диего Коста го најавил пргавиот карактер.

ПРЕСЕЛБАТА ВО ШПАНИЈА

Не поминала една година а Хорхе веќе го однел Диего во Атлетико Мадрид. Коста дебитирал на пријателската со Селта која што наскоро го позајмила. „Тој не разбира како треба да се однесува во тимот“, му рекол директорот на Атлетико Гарсија Питарх на колегата од Селта, Рамон Мартинез. Ако не го научите да биде професионален, ќе ви биде катастрофа“.

Коста почнал така што после голот против Ксерес околу топката глумил тореадор, го налутил играчот на Ксерес, Антонито со кој веднаш се фатиле за врат, а судијата му дал црвен на Диего Коста.

Два месеци после Ксерез, Диего пак добил црвен картон и тоа во 19 минута од мечот против Севиља. Првиот жолт го добил за глума, а вториот затоа што му се дерел на судијата. Една недела претходно со колено го удрил во глава бекот на Малага, Велингтон кој добил шест конци. Причина: Велингон претходно го фаулирал новиот другар на Коста, Квинси Овусу Абеје со кого комуницирале преку гестикулации затоа што едниот не знаел англиски, а вториот португалски.

По зимската пауза Диего испаднал од составот, но во март се вратил и на мечот против Нумансија дал гол само три секунди откако влегол во игра а потоа дал и неверојатен победнички гол во стилот на Бразилецот Роналдо:

ПРВИТЕ ПРОБЛЕМИ И ПРЕСТОЈОТ ВО АЛБАСЕТЕ

„Извинете, се заиграв PlayStation и сум заспал“, објаснил Диего зошто доцнел на еден тренинг во април во Селта, а Алехандро Менендез, четвртиот тренер на Селта таа година бил зачуден од искреноста на Диего и на крајот му простил.

Поради долгови кај доверителите, Селта му доцнела со плата на Диего, тој се вратил во Атлетико но таму повторно не изборил место за првиот тим. Наскоро дознал дека го бара тренерот на Албасете, Хуан Игнасио Мартинез кој не го послушал потпретседателот Гонзало Панадеро: „Ако го земеме Коста, ќе мора да ангажирам два психолози - еден за него и еден за вас“.

Албасете немал доволно пари за платата на Диего, но директорот на Атлетико Мадрид, Гарсија Питарх предложил: „Што повеќе време е на теренот, толку повеќе ние ќе му плаќаме“.

Кога стигнал во Албасете, Диего Коста два пати се изненадил: еднаш кога дознал дека во градот нема плажа и после првиот меч кога видел колку не знаат соиграчите.

„Немам со кој да играм овде, ќе се вратам во Мадрид“, му рекол на агентот Мендез. Тогаш Марко Навас го убедил да остане а Диего станал душа на екипата. Секој четврток ги собирал кај него сите играчи на скара а за месото бил задолжен Аргентинецот Трота кој организирал и покер турнири (еднаш го оставиле тренерот Мартинез без денар).

Комшиите редовно се жалеле, полицијата доаѓала, ги проверувала, а Диего не обрнувал многу внимание. Една комшика му ѕвонела дури и на директорот на клубот, Висенте Фер де ла Роса: „Диего гласно гледа порно филмови и нормално го замолив да намали“, раскажува директорот во автобиографијата за Коста од новинарот Фран Гиљен. На комшиката ѝ пуштал гласна музика а наскоро таа нема раат кога во станот донел јоркширски териер кој лаел додека овој бил на тренинг.

Конечно после позајмицата во Ваљадолид кој испадна од Примера, Диего го најде своето место под кровот на Калдерон. Играше во одлична форма со Атлетико и во црвено-белиот дрес ја освои Ла Лига (2013/14), УЕФА Супер Купот во 2010 и 2012 и Копа Дел Реј во 2013. Од 18 голови во сезоната 12/13, Диего Коста осум даде во Кралскиот Куп и го донесе трофејот кој Атлетико го чекаше цели 19 години. Во пролетта 2013 Диего Коста заигра за Бразил во пријателските против Италија и Русија. Познатите бразилски музичари Антонио Рожерио и Чико Куирога му посветија песна.

Истото лето, Коста доби шпански пасош и за него големо внимание покажа шпанскиот селектор Висенте Дел Боске. Во октомври 2013-та радио каналот Cadena COPE објавил дека претседателот на Атлетико Сересо го прашал селекторот на Бразил Сколари каков му е планот со Диего Коста? Сколари одговорил: „Фред ми е во прв план, за Диего ќе размислам“.

Набрзо Диего Коста објавил дека сака да игра за Шпанија каде го ценат и го сакаат. Со Атлетико ја освои титулата но го повреди коленото и пред решавачкиот меч со Барселона и пред финалето на Лига на шампиони долетал во Белград кај алтернтативната лекарка Маријана Ковачевиќ која излекува мал милион фудбалери меѓу кои Лампард, Ван Перси и Кристијано Роналдо.

Следуваше трансфер во Челси, а Коста во Англија својот жесток провокаторски темперамент го доведе до совршенство. Штипе, удира, клоца, гребе, пцуе, навредува и многу навивачи на Островот го презираат. Седумте голови во првите четири меча ги воодушевија навивачите на Челси (Торес даде толку на 43 меча).

Играчите на Челси добро ја паметат анегдотата од првиот тренинг на Коста во Лондон. Оскар го запознал со Тери, Кејхил и Ивановиќ а Коста има рекол: „Тргнувам во војна, појдете со мене“.