Таг: диего коста

Диого Коста ги одбрани сите пенали и ја однесе Португалија во четвртфинале

После незадоволителни 120 минути фудбал со најнепопуларниот резултат, Португалија ја елиминира Словенија на пенали 3:0 и стигна до четвртфинале каде ќе се соочи со Франција. Промашија Иличиќ, Балковец и Вербиќ, погодија Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.

Диего Коста на денот

Не созреа овој човек во паметот и многу пати знаел да ја изгуби контролата и со играчи и со судии. 35 годишниот Диего Коста летоска направи трансфер од Вулверхемптон во Ботафого и фати да му ги држи рацете на судијата за да не му го додели жолтиот картон кој му падна на земја.

Диего Коста да не ја играл кец?

Иако неговиот Атлетико на Камп Ноу освои златен бод (2:2) во трката за Лига на шампиони, притоа му помогна на градскиот ривал Реал да се доближи до титулата, Диего Коста синоќа ги имаше најлошите 4 минути во кариерата.

Диего Коста им кашлаше на новинарите да се шегачи со вирусот

Одамна знаеме дека има моронски испади, така што вакво нешто од центарфорот на Атлетико Мадрид може да ги изненади само неупатените.

Рибарот Климе од Атлетико

Диего Коста знае да биде гад на терен, ама знае и да откачи. Како му завлече мислиш дојрански крап ќе извади.

Диего Коста со петарди го разбудил брат му

Се испостави дека не е битанга само на теренот, туку и надвор од него. На шпанскиот фудбалски репрезентативец Диего Коста му било досадно па решил да си поигра со брат му додека овој спиел.

Атлетико Мадрид и сезонава ќе ја наруши дуалноста во Шпанија

Победата на „јорганџиите“ над Реал во Суперкупот на УЕФА му покажа на светот дека денешниот Атлетико Мадрид нема да биде само трета сила поред во шпанскиот фудбал, туку сериозно ќе се бори за шампионската титула во сезоната 2018/2019.

Диего Коста игра мајтап со сите освен со Конте

На последниот тренинг пред големото дерби со Манчестер на „Олд Трафорд“ Диего Коста реши да си поигра на свој начин со празна кутија. И играше додека не дојде до кај тренерот.

Со Диего Коста нешто не е како што треба

Или се соиграчите навикнати на него или никој не смее да му зуцне за циркусот што го прави во тренинг кампот.

Во Англија намерно добиваат жолт, за да одмораат за Божиќ

Англиските клубови цела недела играат беспоштеден празничен фудбал. Саутемптон на пример одигра 3 меча за 117 часа (Челси имаше среќа па одигра 3 меча за 223 часа). Boxing Day е вистинско уживање за гледачите ширум светот, но дали и за играчите?

Кога пргавиот Бразилец слетал во Мадрид со влечки и шорцеви

Како мал одел со камион со чичко му до границата со Парагвај, купувал бижутериски накит и потоа го препродавал во Сао Пауло. Добро му одело, заработувал пристојно и не сакал да му се врати на фудбалот. Не сакал сè додека не го сретнал агентот Хорхе Мендез.

Симеоне ја искористи паузата да оди со татко му на вечера

Овој лево има 46 години, а магарево десно има 28 години.

Како Коста и Азар го поддржаа Вилијан

Челси со 3:0 го прегази Лестер, а Еден Азар и Диего Коста ги прославија головите така што со рацете ги симболизираа буквата W и бројот 22. Во прв момент никој не сфати за што се работи, а двајцата подоцна објаснија дека го направиле како сочуство до соиграчот Вилијан (Willian) чија 57-годишна мајка пред неколку дена починала од тумор на мозокот. Вилијан дознал по враќањето од Бразил во Лондон.

Податок за Шиков и одбраната, Диего Коста дал 1 гол на 8 средби

Бразилецот реши да игра за Шпанија лани, во март 2014-та. Од тогаш до денес на осум натпревари дал само еден гол, а ние се надеваме дека постот ќе му продолжи и утре.

Со што ги мава Диего Коста навивачите?

Челси парадираше низ Лондон со автобус за да ја прослави шампионската титула во Премиер лигата, но контроверзниот напаѓач имаше друга заминација.

Туѓино јабано

Голем број фудбалери играат за репрезентацијата на земјата во која не се родени. Некогаш тоа е избор на срцето, некогаш од убедување, а секогаш мотив за бурни дискусии.

Дали е Жиру најдобар напаѓач во Премиер?

Откако Жиру даде два гола против Њукасл, Арсен Венгер го испофали францускиот напаѓач и изјави дека тој е најдобриот центарфор во Премиер лигата. За тоа треба да се провери статистиката, која не го промовира Жиру во најдобар голгетер во лигата

Коста казнет три меча, го пропушта Сити

Напаѓачот на Челси доби суспензија од три натпревари поради намерното газење на Емре Чан против Ливерпул, по што утрешното дерби против Манчестер Сити ќе го гледа од трибина.

Дали е Диего Коста најголемиот негативец на сите времиња?

Челси го доби Ливерпул 1:0 со голот на Бане Ивановиќ во продолжението, а мечот го одбележаа октоподот Тибо Куртоа и безобразното однесување на Диего Коста, кој ги газеше зглобовите на тројца противнички фудбалери. Таков однос Премиер лигата нема видено.

Ист беше и во Атлетико

Со 17 голови на 22 средби, Диего Коста се покажа како вистински потег на Челси кој е лидер во Премиер лигата. Но на страна врвните играчки квалитети, човеков мора да има некоја фалинка. Вчера дивееше пред своите навивачи против Ливерпул, а му најдовме и едно видео од пред три години, каде го малтретира Серхио Рамос и тоа идиотски. Зошто ли се поздрави на крај?

Диего Коста го упропасти пласманот на Челси

Шпанскиот репрезентативец никако да се научи на фер-плејот во англискиот фудбал и неговиот пргав темперамент кулминираше вчера против Ливерпул во Лига Купот.

Премиерлигашки мерак за очи

Во најдобрата англиска лига досега се одиграа 15 кола. Челси е прв, а зад него се двете екипи од Манчестер. Прв стрелец е Серхио Агуеро со 14, а зад него се Диего Коста со 11 и Алексис Санчез со 9 погодоци. Ефектни голови паѓаа од коло во коло, а колекцијата на најубавите трае 11 минути, колку што трае и меракот.