Податок за Шиков и одбраната, Диего Коста дал 1 гол на 8 средби

Бразилецот реши да игра за Шпанија лани, во март 2014-та. Од тогаш до денес на осум натпревари дал само еден гол, а ние се надеваме дека постот ќе му продолжи и утре.

Само еден гол на првите осум настапи за Шпанија е учинок сличен на оној на Раул и Фернандо Торес, кои иако се меѓу водечките стрелци во историјата на Шпанија, сепак немаа блескав старт во репрезентацијата.
„Тој можеби не забележува, но е многу важен за нас. Нашата игра во голем дел зависи од него“, изјави Фабрегас за човекот кого го храни со топки во Челси, но никако да проработат во репрезентацијата.
Меч по меч, Диего Коста и натаму пости кога головите за Шпанија се во прашање. Само еден гол на осум меча е бледа статистика, иако не се разликува многу од почетниот учинок на тројцата најдобри стрелци во историјата на Шпанија.
 
Давид Виља постигна 59 гола за Шпанија, но само два дал на првите осум средби. Сличен учинок со само еден гол во првите осум средби имале уште и Раул и Торес, кои подоцна ги малтретираа противничките голмани.
 
Диего Коста е жртва на тактиката, пишува Марка, затоа што уште од 5. септември 2009. година и победата против Белгија на Риазор, Шпанија не играла со два шпица. Тогаш Давид Виља даде два гола, но го расипа односот со Фернандо Торес поради начинот на игра во кој има место само за еден напаѓач и две брзи крила.
 
Од таа причина, селекторот Дел Боске бара подобар систем кој ќе му помогне на Диего Коста да дава голови. Се надеваме не од утре вечер. По мечот со нас во вторник, Шпанците ќе играат уште две кола до крајот, против Луксембург во Логроњес на 9. октомври и три дена подоцна во Киев против Украина. Шпанците се први во групата со 18 бодови колку што има и Словачка.