Голем дел од спортските новинари би кажале дека го мразат Диего Коста, иако мрази е тежок збор. Попрво ќе признаат дека би се радувале ако некој го удри Коста со топка по лице или со лакт по стомак. Такви нешта прави токму Диего Коста, нели? Гази и влече, штипе и удира, гребе и плука. И така се однесува сè додека не го загубите паметот или фокусот.
Најстрашно од сè е што Шпанецот со бразилски корени совршено добро знае што прави, свесно се однесува така и за него не може да се каже дека така постапил во жарот на борбата.
Пред да се пресели во Челси, Диего Коста одигра 165 натпревари во Ла Лига, во Премиер лигата, во Европа Лигата и во ЛШ. За тоа време, Диего Коста направил 271 фаул и добил 46 жолти картони. Но и покрај тоа, само еднаш добил црвен картон и тоа кога Атлетико Мадрид веќе ја мина групната фаза во ЛЕ во декември 2012. година. Ова не е статистика за играч кој често ја губи главата на теренот.
Диего Коста стана сомнителен кога поради негова вина, Пабло Забалета ги загуби нервите во едно септемвриско дерби против Челси лани и доби црвен картон. Спортските новинари често потенцираат дека постои веројатност Диего Коста толку длабоко да се фрустрира, поради тоа што не е играч кој го прави тимот подобар, иако е експлозивен и многу ефикасен фудбалер.
Коста во просек дава гол на секои 90 минути и неговото однесување целосно е поразлично од учинокот на теренот. Чуди и податокот што судиите често му прогледуваат низ прсти, како завчера против Ливерпул, кога доби само жолт картон и тоа дури во 102. минута од продолжението, кога тешко го фаулираше па се исправи лице во лице со Џерард.