Туѓино јабано

Голем број фудбалери играат за репрезентацијата на земјата во која не се родени. Некогаш тоа е избор на срцето, некогаш од убедување, а секогаш мотив за бурни дискусии.

ЛУКАС ПОДОЛСКИ

Роден во Полска од родители Полјаци, игра за Германија, земја во која живее од две години.

БЕРАХИНО

Роден е во Бурунди, а игра за фудбалската репрезентација на Англија.

ДИЕГО КОСТА

Роден во Бразил, цел живот игра шпански фудбал. Во 2013-та година доби шпански пасош и државјанство и одлучи да игра за Црвената Фурија. Во исто време го одби Бразил, по што беше исвиркуван на СП во оваа земја.

МАРТИНС ИНДИ

Роден во Португалија, на две годишна возраст се пресели со семејството во Холандија. На СП во Бразил стана голем хит на интернет, затоа што најгласно ја пееше химната на Оранје.

БРУМА

Арминдо Туе На Бања е роден во Гвинеја-Бисау, поранешна португалска колонија. На 13 години се преселил со родителите во Португалија и стана еден од главните напаѓачи на репрезентацијата.

РЕНАН БРЕШАН

Роден во Тубарао, Санта Катарина во Бразил. Го натурализираа Белорусите, кои му го дадоа и бројот 10.

БРАЌАТА ЏАКА

Таулант, постариот брат на Гранит Џака е роден во Базел, но игра за албанската репрезентација. Во случај Албанците да се пласираат на ЕП 2016 во Франција, би можело да има дуел на двајца браќа, затоа што Гранит игра за Швајцарија.

ЃЕРДАН ШАЌИРИ

Освен на Гранит Џака, Швајцарците може да сметаат и на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, сега во Интер Ѓердан Шаќири. Левокрилниот напаѓач е роден на Косово.

БЛЕРИМ ЏЕМАИЛИ

Уште еден фудбалер од овие простори игра во „туѓина“. Блерим Џемаили е роден во Тетово. На клупски план беше колега со нашиот Горан Пандев во Наполи и сега во Галатасарај. На репрезентативен план Блерим игра за Швајцарија.

ЖЕЛСОН ФЕРНАНДЕС

Роден во Праја, главниот град на Капе Верде, Фернандес фудбалски порасна во Швајцарија. Со Швајцарците зад себе веќе има две Светски првенства, оној во 2010 и лани во Бразил 2014.

АДНАН ЈАНУЗАЈ

20-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед имаше можност да игра за 5 репрезентации: Албанија, Србија, Англија, Турција и Белгија. На крајот се реши за „Црвените Ѓаволи“, за кои има неколку настапи.

АЊА

Роден е во Глазгов и игра за Шкотска. Ги освои Шкотите со голот против Германија. Фантастичен центарфор кој има нигериско-романско потекло.

ФЕКИР

Генерација и сонародник на Пол Погба, Фекир е дебитантот што беше повикан за пријателската против Бразил. Фекир има алжирско потекло, но роден е во Лион каде фудбалски се образуваше.