Од 2009-та кога Жерар Пике дебитираше за Шпанија до денес, „Црвената фурија“ одигра 112 меча и само три пати во црвениот дрес на теренот не се нашле ниту Пике ниту Серхио Рамос. Четвртиот пат ќе биде против Македонија во Гранада, а неколку дена потоа и против Англија во пријателска на Вембли.
По стартот на Давид Силва на мечот Барселона - Манчестер Сити 4-0, Пике го повреди зглобот и пред крајот на полувремето беше заменет со Матје. Капитенот на Реал Мадрид се повреди на гостувањето во Албанија (9.октомври) и од тогаш го нема во составот на Реал а сега ќе го скокне и последниот список на селекторот Лопетеги за годинава.
Капитенот на Реал Мадрид напорно вежба, но уште не бил спремен за игра:
Од дебито на Пике за Шпанија на 11. февруари 2009. година (2:0 против Англија во Севиља), ниту еден список на Шпанија не минал без еден од двајцата стандардни стопери. Или Пике или Рамос секогаш биле на списокот на повикани, само три пати и двајцата отсуствувале. Овојпат ќе го скокнат квалификацискиот дуел против Македонија.
Пике и Рамос првпат не биле заедно на списокот на репрезентацијата пред мечот со Украина во Киев во квалификациите за ЕП во Франција (и тогаш Шпанија беше во група со Македонија). Таа вечер Selección играше Ечеита и Начо како централни дефанзивци. Пике беше на клупата, а Рамос остана во Мадрид поради проблемите со рамето кои ги имаше целата мината сезона.
Останатите два пати кога ја прекинале серијата од 112 меча заедно на списокот Пике и Рамос ги имаа против Босна и Венецуела во 2011.
Од вкупно 112 натпревари на Шпанија на кои биле повикано, Пике и Рамос на дури 71 играле заедно во тандем. Кога овој тандем бил во одбраната Шпанија одиграла 48 официјални меча и 23 пријателски со учинок од 55 победи, 9 нерешени и 6 порази.
Отсуството на двајцата стопери против Македонија ќе му отвори многу проблеми на селекторот Лопетеги во одбраната. Хави Мартинез од Баерн Минхен минатиот викенд се пожалил на повреда на бутниот мускул. Албиол не е во форма, не одиграл ниту минута во новиот квалификациски циклус и од оваа перспектива, селекторот Лопетеги ќе ги има на располагање Начо, Азпиликуета, Бартра и Ињиго Мартинез. Јулиен Лопетеги најчесто игра со тројца во одбраната а за мечот со Македонија во првиот состав најверојатно ќе конкурираат и Маркос Алонсо (Челси), Грималдо (Бенфика), Ескудеро (Севиља) и Хуанфран (Атлетико Мадрид).
Општ впечаток е дека на Пандев и Несторовски далеку потешко би им било ако за чувари би ги имале Рамос и Пике, а делумно полесно со неискусните Начо и Бартра. Ништо подобра ситуација Лопетеги не го чека ниту со страничните бекови. Жорди Алба играше против Италија а Начо Монреал со Албанија, но и двајцата биле ровите со неодамнешни повреди.
Мечот Шпанија - Македонија се игра на 12. ноември (сабота) од 20:45 часот во Гранада.