Таг: пике

Шакира со право го откачила Пике

Пазете го видеово. Де Јонг оди со девојка му на стадион, ама не може да седат заедно. Пике не им дава, мафта со рацете и се буни нешто. Френки се обидува да го вразуми заедно со уште еден човек, а од страна снимаат луѓе и пукаат сеир. Погледнете ги на крај реакциите на Де Јонг и девојка му и ќе ви стане јасно. Срамотилаци.

Што се случува со репутацијата на Барселона

Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.

Несторовски нема да војува со Пике и Рамос

Од 112 меча од кога Пике дебитираше за Шпанија, само три пати на списокот не биле заедно со Серхио Рамос. Во Гранада Несторовски, Пандев и напаѓачите ќе се надмудруваат со Бартра, Начо, Хуанфран, Ињиго Мартинез и Азпиликуета.

Ван Гал го турнал Пике на земја да му докаже дека е слаб

Еден од најтрофејните фудбалери во клупската историја на Барселона и дете на овој клуб раскажа една случка од тренинг кампот на Барса кога тренер бил Холанѓанецот Луј Ван Гал.

Прво славје на Реал на Камп Ноу после 2012

Реал Мадрид последен пат славеше во Барселона во април 2012-та година со головите на Кедира и Роналдо, под водство на Мурињо. Вечерва Кралевите ја прекинаа неверојатната серија на Барса од 39 меча без пораз во сите натпреварувања. 1-2, стрелци Пике, Бензема и Роналдо.

Ретки фудбалски фотографии #4

По воведните 1, 2 и 3 сеќавања на фудбалот од минатото, продолжуваме со 4-та епизода носталгичен фудбал во која се Сидорф и Давидс како младинци на Ајакс, Биелса како шампион на Аргентина и други занимливи фотографии.

Сите го браниме Жерар Пике

Во пресрет на вечерашниот дуел Македонија - Шпанија, шпанските новинари непрестано ја форсираа атмосферата околу фудбалерот на Барса кој е на удар на тамошната јавност од неколку причини.

Егзодус од Ла Масија

Од 2012 до 2015 година дури девет фудбалери кои се производ на легендарната младинска школа Ла Масија, ја напуштиле Барселона и се преселија ширум Европа.

Милан ја освои Лигата на шампионите

Милан Пике е синот на Пике кој го постигна победничкиот гол и го подигна трофејот во најелитното клупско европско натпреварување.

Колекцијата мрежи на Жерард Пике

По новата тројна круна освоена со Барса сезонава, на Жерар Пике ќе му треба време за да ги изброи сите трофеи во богатата кариера. Од помош во броењето може да му бидат сите мрежи што ги исече по шампионските славја.

Канаваро 2006 vs Пике 2015

Финалето од ЛШ во Берлин за Италијанците беше потсетување на Мундијалот кој го освоија пред 9 години на истиот стадион. Фанатик за фудбал најде сличности меѓу голот на Дел Пјеро и акцијата на Италија која почна со интервенцијата на Канаваро со третиот гол на Барса.

Богатата колекција на Пике

Фудбалерот на Барселона бајаги се посветил на своето хоби и бирал славни колеги на кои им ги собирал дресовите по натпревар.

Пике оди си од репрезентација

Фудбалерот на Барселона јавно го поддржува референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија и според некои навивачи неговото играње за Шпанија создава конфлит на интереси. На вчерашниот тренинг со репрезентацијата имаше двајца навивачи од Мадрид кои му довикуваа: Пике оди си од репрезентација, доста и го бакнуваш задникот на Каталонија.

Барселона детално го шпиунирала Пике

За шпанскиот дефанзивец Каталонците знаеле колку пари фрлал на коцка, кога одел на концерти, со колку километри на час се возел и во колку часот разговарал на телефон.

Пике немоќен во „Ел Класико“

Одбранбениот играч на Барселона доби вистинска лекција во играта ФИФА 2013 од светскиот шампион Алфонсо Рамос кој настапи со тимот на Реал Мадрид, а Пике се разбира ја одбра екипата каде што настапува. Конечниот резултат заврши 3:1 за Кралевите.