Ова не е никаква новост за шпиунските игри на Барселона со оглед на тоа што неодамна шпанскиот весник „El Confidencial" пишуваше дека Пеп Гвардиола бил опседнат со приватните животи на своите играчи, и за да се осигура дека се умни ја најмил детективската агенција Методо 3.
Но овој пат шпанскиот „Ел Мундо Депортивно" објави приказна во која тврди дека Барселона најмила детективи кои го следеле секој потег на Пике во периодот од септември 2009 до октомври 2010 година.
Според весникот, детективите собрале податоци за коцкарската зависнот на шпанскиот репрезентативец кој дневно трошел од 3000 до 4000 евра, а таа навика ја имал уште кога играл за Манчестер Јунајтед од 2004 до 2008 година. Пике во присуство на агентите раскажал дека еднаш му се случило да загуби 30 000 евра на коцка.
Но тоа не е се. Агенцијата Методо 3 ги прислушкувала неговите телефонски повици и утврдиле дека после натпреварот Барселона – Тенерифе разговарал на телефон во 1:23 часот по полноќ, а по мечот против Севиља во јануари 2010 година "киснел" на мобилен во 5:41 часот наутро.
Од останатите детали за Пике во извештаите стои дека кога бил на концерт со неговиот клупски колега Пујол возел во просек 170 км на час, а во неколку моменти развил брзина од 200 км на час.
За сега се зборува дека за сите шпиунирања на клубот за кој се зборуваше дека се следени животите на играчите, директорите и сите вработени, Барселона потрошила околу 3 милиони евра.