Како што пишува шпанскиот весник El Confidencial, поранешниот тренер на Барселона ја најмил детективската агенција Методо 3 за да го следи Жерар Пике кога тој почнал да се забавува со Шакира. Гвардиола сакал да биде сигурен дека Пике води нормален живот.
Изворите на весникот тврдат дека Гвардиола бил опседнат со приватните животи на неговите фудбалери и скоро секојдневно имал извештаи од детективска агенција за нивните активности, па Пике не бил единствениот шпиониран играч.
Истата детективска агенција била најмена и од претседателот Лапорта и потпретседателот Сориано за да ги шпионираат директорите во клубот за кои верувале дека работат против нив.
Во 2010-та година медиумите во Шпанија ја обвинија Барселона дека ги шпионирала Деко, Роналдињо и Ето за време на сезоната 2007/08 и по пристигнувањето на Гвардиола тие го напуштиле клубот.