Барселона во лигата може да добие замена од Андора

Шпанско првенство без „Ел Класико“ ќе биде најголемото разочарување за навивачите доколку Каталонија прогласи независност.

Каталонските власти до 15 октомври треба да одлучат дали ќе свикаат референдум за отцепување од Шпанија. За оваа тема често пати се пишува во спортските весници, затоа што во таков случај два клуба нема повеќе да учествуваат во шпанското првенство.

„Правилата наложуваат дека во таков случај само една држава која не е во Шпанија може да има свој претставник во Примера дивизион, а тоа е Андора. Во случај на независност на Каталонија, од лигата ќе отпаднат Барселона и Еспањол“, изјави претседателот на Шпанската лига, Хавиер Тебе.

Во Каталонија има 7,5 милиони жители, а според истражувањата мнозинското би поддржале независност. Еден од нив е и Пике кој на 16 септември беше присутен на митингот за независност.

На темава пред две години се појави и евентуален состав на дуел помеѓу Шпанија и Каталонија.

 

7 октомври 2014 - 15:21