Во сезоната 1997/1998, Кристијан Виери блескаше во Атлетико. На 32 меча во сите натпреварувања постигна 29 голови, од кои најубав беше оној во Купот на УЕФА.
Ривер Плејт ја освои Апертура во 1994. година без ниту еден пораз. На фотографијата Ернан Креспо, Марсело Гаљардо и Ариел Ортега.
Раванели и Дел Пјеро во Јувентус беа како татко и син.
Роналдо и Белети, најдобрите другари во школата на Крузеиро.
Во '70-те години англискиот фудбал често се играл во кал. На фотографијата се светските прваци со Англија од Мундијалот '66-та, напаѓачите на Вест Хем Џими Гривз и Џефри Херст.
1992. година, Волендам - Феенорд. Дури и на малите стадиони се гледаа ултрасите по оградите.
Луѓе и мајмуни го следеа шампионскиот круг на Естудиантес чијшто капитен беше Себастијан Верон, сега претседател на клубот.
Зинедин Зидан и Георге Хаџи во дуел на Европското првенство '96-та.
2002. година, Дејвид Мојс му дава инструкции на младиот Вејн Руни пред да влезе во игра.
Репрезентацијата на СССР која во 1960-та го освоила првото издание на Европско првенство откако со 3:0 ја совладала Чехословачка.
2. март 1991 година. Дебито на 17-годишниот Рајан Гигс за Манчестер против Евертон. Како изгледаше?
Едно од најстарите фудбалски игралишта на древниот грчки остров Родос.
1955. година, гледачи на бразилскиот стадион Пакамбу.
Беше прв стрелец во Франција - Стефан Гиварш. Стана и светски првак со репрезентацијата. Премина во Њукасл и се загуби.
Ким Челстрем (Хакен) и Златан Ибрахимовиќ (Малме).
На стариот стадион на Атлетико Мадрид, Метрополитано, новинарите работеле од ровови како собрани души во масовна гробница.
Жосеп Гвардиола во дуел со Диего кој една сезона играше и за Севиља.
1991. година, Марсело Биелса стана шампион на Аргентина како тренер на Њуелс Олд Бојс.
Во декември 1991. година, Ерик Кантона на светот му ја објави одлуката за пензионирањето. Борецот против системот доби драстична суспензија од Француската фудбалска федерација поради тоа што шутнал топка во судија, а потоа ги нарекол сите членови на дисциплинската комисија идиоти. Од тотална пропаст го спасил Мишел Платини кој го советувал да замине во Англија.
Прв клу на Кантона во Англија не бил Лидс, туку Шефилд Венздеј со кој потпишал договор за проба. Додека тие размислувале, Французинот замавна со перото и потпиша со Лидс Јунајтед.
Жерар Пике додека тренирал со Сарагоса.
Едгар Давидс и Кларенс Сидорф се родени во Парамарибо, но легендите играа далеку од границите на Суринам.