Еврголот на Бобо Виери, преведувачот и Ферарито

Кристијан Виери беше синоним за врвен шпиц и имаше карактеристики кои му овозможуваа да ги решета мрежите од секоја позиција. Буквално од секоја, како против ПАОК во Купот на УЕФА, гол за кој добил Ферари.

Во кариерата смени повеќе од 10 клубови. Играше за најголемите италијански тимови, но најубавиот гол го постигна во дресот на Атлетико Мадрид.
 
На 22. октомври 1997. година Јорганџиите играа натпревар од Купот на УЕФА против грчкиот ПАОК. Пред почетокот на мечот, повеќе на шега отколку сериозен, италијанскиот напаѓач му кажал на преведувачот да му пренесе на претседателот Хесус Хил дека сака за првиот следен хет-трик кој ќе го постигне да добие Ферари 550.
 
Иако му го кажал тоа на шега, преведувачот сериозно се свртел кон првиот човек на клубот и после неколку минути му рекол на Виери: „Кико, претседателот ти порача, дај хет-трик и Ферарито е твое“.
 
После 93 минути игра, Атлетико победи со убедливи 5:2, а Кристијан Виери постигна токму 3 гола. Последниот погодок кој му го обезбедил Ферарито беше најубав во неговата кариера.
 
Се залета Бобо кон противничкиот голман Николаос Михопулос како да е суден ден, Гркот стигна прв до топката и се обиде да ја пропушти во гол-аут, но Виери го прочита, му ја зема и буквално од мртов агол со внатрешен фелш го постигна најубавиот гол во кариерата. Следниот ден Виери беше на сите насловни страни, спортски вести и извештаи. Италијанецот не ја криеше радоста после голот кој му го донесе и Ферарито 550. Сезоната во Ла Лига ја заврши со 24 голови.
 
19 февруари 2016 - 14:34