Таг: еврогол

Не се гледа секој ден ваков еврогол во балон во Скопје

Сме имале долга низа на голчишта на сајт, снимени во разно разни балони низ светот, ама јакото е кога ќе видиш вакво нешто кај нас. Безбедносна камера во еден од скопските балони, улови мајсторија кој му припаѓа на новинарот на Тв Шења, Енис Муртези, инаку навивач на Лацио.

И нему не му е јасно каков нереален еврогол даде

Ај сега заборавете на сите голчишта со волеј кои сте ги виделе викендов и обрнете внимание што чудо изведе Џек Колбак од Нотингем Форест на мечот против ВБА, кој го добија со 4:0. За лице се држеше од неверување.

Не ми ја барајте, ќе ја палам од 40 метри

Кој вика дека во понеделник е тапа со фудбал? Украинска втора лига сте гледале? Можеби им фали уште некоја трибина, ама на голов да не му фали нешто?

Фантастичен гол кој го фрли Ротердам во екстаза

Феенорд ја крена формата на многу високо ниво па откако во дербито среде Ајндховен го нокаутираа ПСВ со 0-4, синоќа го добија и Херенвен (3-1). Третиот гол на мечот, дело на Брајан Линсен го фрли цел „Де Кујп“ во екстаза.

Еврогол за кој нема соодветен опис

Да кажеш надреален, нереален, невозможен, пак нема да го доловиш. Во втора лига на Чиле, Депортес Лимаче со 0:3 ја совлада Иберија. Шпицот на гостите Гонзало Абан даде два гола од кои едниот е стварно...

Оман ја победи Јапонија со еврогол, коментаторот полуде

Најголемото изненадување на стартот на азиските квалификации за Светско првенство 2022 го направи репрезентацијата на Оман која ги издржа сите налети на силните Јапонци и во 88’ минута по една контра даде гол. И тоа каков гол на Исам Ал Саби за историска победа против голем ривал и први 3 бода во групата.

Вратете го амблемот на Фенербахче, сакам да го бакнам

Топ тема на вечерта во квалификациите за ЛЕ беше Мухамед Гамускаја од Фенербахче. 20 годишниот играч од среден ред со еврогол го реши ХЈК Хелсинки за конечни 1:0, ама потоа се збуни при прославата на голот. 

Левучарите се прави мајстори, голманите најдобро знаат

Во најдобрата лига на Мексико, Некакса после три порази конечно успеа да врзе две победи на стартот на сезоната. Синоќа со 3-0 го совладаа Пумас, а последниот гол на мечот кој го даде Родриго Агире беше права убавина.

Најнепознатиот еврогол на меч со Ливерпул

На 24 јули 2007-ма во рамките на ревијалниот турнир Премиер лига Азија трофеј, Ливерпул го совлада тимот на Јужна Кина со 1-3. Рисе, Чаби Алонсо и Даниел Агер дале гол за „црвените“, ама она што го направил Ли Хаиџианг од слободен удар е неправедно заборавено. Од 40 метри го шина Скот Карсон.

Кога Меси ја гали топката знаеш што следува

Откако одигра врхунски во групната фаза, Лионел Меси ја поведе својата Аргентина и во четвртфиналето каде убедливо со 3-0 го совладаа Еквадор на Копа Америка. Лео по втор пат имаше две асистенции и прекрасен гол, па „гаучосите“ сега ги чека големо полуфинале со Колумбија.

Гризман, што беше со голчиштево мајсторе?

Франција има буквално 3 состави од по 11 играчи и кој и да го избере селекторот Дешам, ќе бидат меѓу топ 3 фаворити за освојување на Евро2020. Во напад се врати и Бензема па сега да не знаеш кого попрво да ставиш во игра. Синоќа го демолираа Велс со 3:0 во пријателска а Гризман го даде вториот гол во 47' минута.

Лобот на Кавани е мајсторија на вечерта

Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 со испаднатиот Фулам. Во 15' минута конечно пред публика на „Олд Трафорд“, Единсон Кавани покажа зошто му понудија нов богат договор со клубот.

Избран голот на годината во Полска, Бергкамп треба да го види

Во ноември лани, во 2020-та, на мечот Краковија - Јагиелонија во полската Екстракласа, домаќините славеа со 3-1. Ама во 39' минута од тој меч гостинскиот фудбалер Хесус Имаз даде гол во стилот на холандскиот ас Бергкамп на времето во Арсенал.

Волеј за учебници

Во четвртфиналето на Купот на Мароко, ФАР Рабат на пенали ја победи трофејната Раџа Казабланка. Претходно мечот заврши 1-1 а израмнување на Рабат му донесе Омар Жерари со пеколен волеј од 35 метри.

Знаете ли дека во Германија постои награда за најглуп гол на месецот

Во многу европски и светски лиги има разни признанија: за најубав гол, за најферплеј потег, за најдобар стрелец, за најубава одбрана итн. Германците отидоа подалеку па имаат и забавна традиција: секој месец телевизиската емисија „Прекрасниот свет на фудбалот“ доделува награда за најлош гол на месецот - Kacktor des Monats.

Мексикански гол на месецот од 80 метри

На дуелот меѓу Пачука и Пуебла во лигата на Мексико, гостите славеа 1-3. Последниот гол на мечот го постигна Салвадор Рејес кој ја запечати победата со гол сличен на маалските од гол на гол после три корни.

Падна голот на годината во Италија - Верде против Лацио

Лацио и Специја одиграа интересен дуел. Домаќинот поведе во 56' минута, а гостите израмнија со страшни „маказици“ на Даниеле Верде во 73' минута. На крај во 89' минута Каиседо од пенал ги постави конечните 2-1. Ама да се вратиме на ножичкиве. Спектакл.

Фантазија од лоб во Мексико

Дуелот Пачука - Тигрес УАНЛ во мексиканската МХ лига го реши Роберто де ла Роса во 82' минута. Таков њух за топка и осет за лоб ретко се гледа.

Рогачката, па ако влезе влезе

Додека синоќа во центарот на вниманието беа двете четвртфинални двојки од ЛШ, во Серија Б се случи лудорија на која коментаторот урлаше: Ова е апсурден и лудачки гол без никаков сенс, не постојат други зборови. Будалетинката е Микеле Кастањети од Кремонезе.

Поздрав за Роберто Карлос од село Падина

Петта лига на Србија, дуел меѓу ФК Долина од Падина и Спартак Дебељача (би ги частеле гајба пиво за имево). Домаќините победиле 4:1, а Марко Јованов го постигнал најубавиот гол на мечот. Сув лист каков што не се наоѓа често ни во Топ5 лигите во Европа.

Парагвајски фелш на денот

Позицијата е тешка за директен удар, ама ќе проба. Голманот се чини дека е застанат на право место и ја има директ во раце. Потоа на сцена стапува Роберто Карлос ефектот.

Гол над сите голови на мал фудбал

Лидерот во португалската футсал лига, Бенфика после 24 кола има 21 победа и 3 нерешени средби со гол разлика 143:29. Последно го добија Белененсес со 9:0, а на тој меч Артур постигна чудесен гол.

Голот за кој се распали интернет

Нотс Каунти со 3-1 го победи Оксфорд Сити во Националната англиска лига (петта по ред). За домаќинот 2 гола даде белгискиот напаѓач Илаиша Сем а оној за 2-1 најверојатно ќе биде избран за наградата „Пушкаш“.

Како тоа гол од 50 метри со клизач?

Се залета, се излизга и некако ја закачи и од таа позиција успеа да го лобува голманот од пола терен. Етиопија и сè е можно.