Таг: еврогол

Лудачки гол во Белгија со откачена прослава

Запознајте го Јан Ван Дер Бег од Бершот кој викендов славеше на гости против Генк со 1:2. Дечкото го отвори резултатот на многу откачен начин.

Евроголот на вечерта го постигна Спортинг

Ќе речеш вторник, тенко е со фудбал, а тоа е голчишта на сите страни. На Барди и Ериксен друштво им прави 21 годишниот Педро Поро со удар по кој оправдано е ова драње на коментаторот.

Кенеди, ај што имаш славно име и презиме, туку и јака левица

Синоќа додека Реал се бламираше во Купот на Шпанија, се одигра и еден меч од Ла Лига. Виљареал и Гранада дадоа по 2 гола, а од сите 4 највреден за гледање е оној на Роберт Кенеди во 75' за конечни 2-2.

Најубавиот лоб на месецот со кој Рома испадна од Купот

Рома по дебаклот од Лацио во римското дерби (3:0), синоќа се посрамоти и со Специја во 1/8 финалето на Копа Италија. „Волчицата“ губеше со 0-2 после само 15 минути игра, па ирамнија на 2-2 но во продолженија со два играчи помалку изгубија 2-4. Точка на мечот стави Рикардо Сапонара со оваа убавина од лоб, негов втор гол на мечот.

Ај дека не можеш од подалеку

Александар Трајковски на клупа го преседе цел меч меѓу Овиедо и Мајорка, конечни 2:2, ама бар имаше што да види. Неговиот колега Хоан Састре испука проектил од крајот на светот, а ќе речеш бекче е, сигурно ќе ја подаде.

Прејак еврогол во бразилска Серија Б

Во 32. коло од бразилската Серија Б, Хувентуде победи 2-1 против Понте Прета. Првиот гол за домаќинот, од стрелецот Рожерио слободно може да се одбере за најспектакуларен на сезоната.

Ретка мајсторија во втора шпанска лига, гол точно од пола терен

Еспањол сигурно чекори кон експресно враќање во Примера. Во втората лига по 19 кола имаат 13 победи, 3 нерешени и 3 порази со гол разлика 30:9. Синоќа победија 2-1 против Алмерија а првиот гол од двата кои ги даде Раул Де Томас сигурно ќе конкурира за гол на сезоната.

Туку го видовте ли голот на Домагој Вида за Бешикташ?

Со неколку добри резултати, Бешикташ фати приклучок кон самиот врв во турската Супер лига. Во неделата со 4-0 го совладаа Бујукшехир Ерзурумспор. Претпоследниот погодок на мечот го даде хрватскиот стопер Домагој Вида. Голиште!

Има такви слободни удари кои двајца голмани не ги фаќаат

Вкупно 4 гола паднаа во дуелот меѓу Заглебје Љубин и Стал Мјелец во Полска. Од тие 4, еден беше баш онака мераклиски. Го постигна Петери Форсел за гостите и ги постави конечните 2-2.

Голот на годината падна во едно село во Романија

Јунакот се вика Роберт Асавоаеи и игра за третолигашот Штинта Мирослава во Романија. Ова што го направил на меч против ЦСМ Пашчани во триумфот од 4-0 уште долго ќе се зборува. Ако има некоја правдина, ФИФА ќе го стави во најтесниот круг од тројца кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во сезоната.

ФИФА, пиши таму уште еден кандидат за гол на сезоната

Џузепе Бепе Фела, Авелино - Катанѕаро (1:3), 9. коло од италијанска Серија Ц. 23 минута од мечот, ножички какви ретко се гледаат.

Кандидат за гол на годината во Европа

Луд меч во Холандија одиграа Емен и Феенорд. Домаќинот два пати водеше и тоа со играч помалку поради црвен картон во 36' минута, ама гостите се извадија и на крај славеа 2:3 со гол во 90'+4 минута. Погледнете го голов на Микаел Де Леув во 42' минута:

Кога не знаеш што е поубаво дали асистенцијата или голот

Неколку занимливости од мечот Сантос - Атлетико Гојаниенсе. Прво гостинскиот играч Жандерсон ги направи салата при еден напад, а второ му асистираше на пазете, бразилскиот Кореец Франциско Хјун сол Ким (29 години) кој постигна страшен гол.

После само 3 одиграни кола, веќе го имаме најлудиот гол на сезоната во Холандија

Феенорд сезонава го предводи ветеранот Дик Адвокат и имаа добар почеток на првенството: 2 победи и 1 реми. Минатиот викенд со 4:2 го совладаа Ден Хак, а најубавиот гол на колото беше оној на аргентинскиот стопер Маркос Сенеси кој во 57’ минута за 2:1 постигна страшен погодок каков многу ретко се гледа.

Душмански волеј за гол на викендот

Во Швајцарија само што почна најдобрата фудбалска Супер лига. Ситуацијата сезонава нема да биде како досега кога имаше изразит фаворит за титулата, па ќе биде неизвесно. Синоќа Цирих и Лугано одиграа луд меч со 4 гола (2:2) а резултатот го отвори Александер Герндт со страшен волеј за 0-1.

Ненормален гол од 30 метри во Копа Либертадорес

Во 3. коло од Копа Либертадорес Палмеирас освои 3 важни бода против Боливар на гости откако синоќа славеше со 1-2 со страшниот гол на Габриел Габи Мерино.

Сите зборуваат за деби голот на Џејмс во Премиер лига

Френк Лампард имаше убедлив старт во првото коло од Премиер лига со гостински триумф од 1:3 над Брајтон. Едно е тоа што направија јак трансфер пазар, а друго што вадат златни деца.

Евроголот во ЛЕ го постигна ЛАСК против Манчестер

Момците на Солскјер имаа 0:5 од првиот осминафинален дуел и вечерва на Олд Трафорд реваншот беше само формална пресметка која ја добија со 2:1. Но резултатот го отворија гостите кои ќе ја паметат оваа убедлива елиминација од 7:1, поради единствениот нивен гол, дело на Филип Визингер.

Ти легна а мајсторе?

Абе фино што ти легна, ама немој толку јако, топката ја дупна, а пречката не може да ја состават. Плус и коментаторот ќе прегореше.

Ама се отвори мајсторов во шеснаесетник

Голот на колото изгледа не треба да се бара во Шпанија, Италија или Англија, туку во Словенија каде знаат често да изненадат со голчишта. Извесен Михаел Клепач од Алуминиј двајца играчи прати по бурек со месо и јогурт, а на голманот на Олимпија му рече: И да браниш и да се тргниш, исто ти е.

Една од најврвните лудории на Фалкао во футсал

Докторот за мал фудбал синоќа наполни 43 години, така што мора да му го одбележиме макар и со доцнење. Па не е нормално што сè им правеше со топка, а со нормала се коси и овој слободен удар.

Само што излегоа од карантин, во Австрија падна страшен гол

По финалето на Купот кој го освои шампионот Ред Бул Салцбург, се рестартираше и австриската фудбалска Бундеслига и одма падна лудачки погодок. На мечот Штурм - Волсфбергер, гостите поведоа преку ножичките на Шон Вајсман.

Мајсторија на денот

Во четвртото коло од корејската Кеј-Лига, Даегу и Сангжу одиграа 1-1. Бразилецот Цесиња во 51' минута ја поремети гостинската одбрана и голман со маестрален потег со пета.

Има така моменти кога асистенцијата е појака од голот

Асистентот знае да направи таква мајсторија, што после повеќе се збори за него отколку за стрелецот на гол. Боби Фирмино знае најдобро.