После само 3 одиграни кола, веќе го имаме најлудиот гол на сезоната во Холандија

Феенорд сезонава го предводи ветеранот Дик Адвокат и имаа добар почеток на првенството: 2 победи и 1 реми. Минатиот викенд со 4:2 го совладаа Ден Хак, а најубавиот гол на колото беше оној на аргентинскиот стопер Маркос Сенеси кој во 57’ минута за 2:1 постигна страшен погодок каков многу ретко се гледа.

Магија:

Голот на Сенеси многу потсеќа на еден од најубавите погодоци во кариерата на Марко ван Бастен кој во ноември 1986-та година против Ден Бош даде акробатски гол:

 

30 септември 2020 - 12:51