Феенорд сезонава го предводи ветеранот Дик Адвокат и имаа добар почеток на првенството: 2 победи и 1 реми. Минатиот викенд со 4:2 го совладаа Ден Хак, а најубавиот гол на колото беше оној на аргентинскиот стопер Маркос Сенеси кој во 57’ минута за 2:1 постигна страшен погодок каков многу ретко се гледа.