Најубавиот лоб на месецот со кој Рома испадна од Купот

Рома по дебаклот од Лацио во римското дерби (3:0), синоќа се посрамоти и со Специја во 1/8 финалето на Копа Италија. „Волчицата“ губеше со 0-2 после само 15 минути игра, па ирамнија на 2-2 но во продолженија со два играчи помалку изгубија 2-4. Точка на мечот стави Рикардо Сапонара со оваа убавина од лоб, негов втор гол на мечот.

Инаку Рома направила 6 измени на овој меч, така што и ако не изгубела на терен, ќе изгубела службено поради кршење на правилата за 5 измени. Ова би била втора ноторна глупост по онаа кога Диавара неригистриран играше против Верона па Рома службено го загуби мечот:

20 јануари 2021 - 09:26