Таг: лоб

Фантазија од лоб во Мексико

Дуелот Пачука - Тигрес УАНЛ во мексиканската МХ лига го реши Роберто де ла Роса во 82' минута. Таков њух за топка и осет за лоб ретко се гледа.

Ретко виден лоб во ракомет

ЖРК Кока Вараждин го победи ЖРК Бјеловар 34-31 во натпревар на кој гостинската ракометарка Мирна Гашпаровиќ даде гол после лоб каков што не се гледа често во овој спорт.

Најубавиот лоб на месецот со кој Рома испадна од Купот

Рома по дебаклот од Лацио во римското дерби (3:0), синоќа се посрамоти и со Специја во 1/8 финалето на Копа Италија. „Волчицата“ губеше со 0-2 после само 15 минути игра, па ирамнија на 2-2 но во продолженија со два играчи помалку изгубија 2-4. Точка на мечот стави Рикардо Сапонара со оваа убавина од лоб, негов втор гол на мечот.

Листаш учебник за фудбал и стигнуваш до страна лоб удар

Роберт Пирес е синоним за шампионскиот Арсенал. Французинот беше еден од најдобрите играчи на генерацијата која правеше дар-мар по Англија. Во 2003-та година против Астон Вила ги постави нормите за лоб удар. 6:1, хет-трик,

Лоб на деценијата во Германија

Борусија Менхенгладбах не се зафркава. После 19 кола во Бундеслига се на 3. место со 38 бода, само 2 помалку од првиот РБ Лајпциг. Во саботата глатко со 3-1 го совладаа Мајнц а од сите 4 гола на мечот, еден ќе се врти уште некое време. Го даде Флоријан Нојхаус.

Лоб на колото - многу фудбалски, со осет

Учесникот во ЛШ, Ред Бул Салцбург првпат после 8 одиграни кола не освои цел плен во австриската лига. Пред гостувањето кај ЛАСК имаа 7 победи на 7 меча, а во Линц спасуваа бод во 90-та минута (2-2). Томас Гојгингер направи голема мајсторија за првиот гол на мечот за домашните.

Лоб на унгарски начин од Пушкаш за Пушкаш

Кога ќе ги разгледува кандидатите за наградата „Ференц Пушкаш“ која се дава на стрелецот на најубавиот гол во сезоната, ФИФА ќе треба да го номинира и фудбалерот Петер Шакали од Академијата Пушкаш, второлигашки клуб од Унгарија.

Лобот на Тоти против Интер во 2005-та

Рома му гостуваше на Интер во големото дерби на „Џузепе Меаца“ и славеше со 2:3. За водство од 0-2 тогаш Ил Капитано постигна маестрален гол и преку 80.000 луѓе станаа да му аплаудираат.

Пак да браниш на 20 метри пред гол

Грција ја совлада Австралија на гости со 2:1 на пријателски натпревар, а Бекам апетити на мечот имаше бекот Јанис Маниатис кој игра за Олимпијакос. На голот беше Адам Федеричи од Бурнемут.

Судија лаже, камера не лаже

Аматерска лига во Англија со камера поставена на место каде може да заврши многу прецизна работа од судијата, кој го поништи овој лоб удар од пола терен.

Бербат голот на Димитар Бербатов

Бугарскиот интернационалец пред две години го постигна можеби најубавиот гол за време на неговиот престој во Монако. Противник: Ница. Противнички голман: Давид Оспина.

Пушкаш награда треба да има и за деца

Кога ќе се направи една компилација со деца кои би ги виделе што знаат со топка на 7 години и на крајот се стесни изборот на топ 5 или топ 3 голови сигурно дека некој ваков креативен ум кој оди во прво одделение на крај ќе заслужи да добие награда.

Израелски лоб од пола терен

Вакви евроголови паметиме од Бекам и Чави Алонсо, а му успеа и на Мариано Суарез од Хапоел Ерусалим.

Велемајсторија во 93 минута

Марио Балотели не е единствениот јунак ова коло. Во последните секунди на натпреварот помеѓу Круз Азул и Пуебла во Мексико, Марко Фабијан му донесе победа на домашниот тим со можеби најатрактивниот гол на колото на кој му претходеше извондреден прием на топката.

Лизгачки старт кој вреди за сите пари

Овој лизгачки старт не е толку важно што спречи удар кој тешко дека ќе завршеше во гол, туку тоа што му донесе три бода на италијанскиот четвртолигаш Вигор Ламеција на дуелот против Тутокуојо.

Две лоб мајстории

Првата е дело на Фелипе Менезес од Палмеирас кој ладнокрвно од половина терен го шокираше голманот, а втората мајсторија е од близу, но со многу чувство и тоа на 16 годишник од младинскиот тим на Манчестер Сити.

Елегантна лоб мајсторија

Френк Муса од англискиот третолигаш Ковентри постигна гол со лоб удар кој не потсеќа на потезите на Роналдињо. 

Во стилот на Михајловиќ

Ирскиот фудбалер Енди Рид постигна ретко виден гол од слободен удар за екипата на Нотингем Форест против Чарлтон со шут кој го упати од аут линијата. Овој лоб удар не потсети на голот на Михајловиќ на мечот Челси-Лацио во Лигата на шампионите, но разликата во далечина е евидентна.

Мајсторски лоб удар во Кина

Англичанецот Даниел Мекбрин кој настапува за Шангај немаше време ниту да погледне каде се наоѓа голот пред да го испали овој шут со кој го изненади голманот на екипата на Даниел Аербин. 

Лоб од 70 метри

Мартин Хинтерегер успеа да го лобува голманот Тимо Хилдебранд од 70 метри при победата на Салцбург на пријателскиот натпревар против Шалке со 3:1.