Милан направи голем кикс во битката за четвртата позиција и загуби 2:0 од 18-то пласираната Специја која се бори за опстанок. Фудбалерите на разговор кај навивачите.
Тука е тешко да се сконта кој се брани, а кој напаѓа, а не па да се донесе правилна судиска одлука од прва. Во судиското продолжение на мечот Специја - Рома, не се знаеше кој пие, а кој плаќа пред голот на домаќините.
Лацио и Специја одиграа интересен дуел. Домаќинот поведе во 56' минута, а гостите израмнија со страшни „маказици“ на Даниеле Верде во 73' минута. На крај во 89' минута Каиседо од пенал ги постави конечните 2-1. Ама да се вратиме на ножичкиве. Спектакл.
Наполи лесно се пласираше во полуфинале на италијанскиот Куп откако со 4-2 ја преслуша Специја. Освен Елмас, стрелец на гол за домашните беше и стоперот Кулибали и тоа како прав голгетер.
Рома по дебаклот од Лацио во римското дерби (3:0), синоќа се посрамоти и со Специја во 1/8 финалето на Копа Италија. „Волчицата“ губеше со 0-2 после само 15 минути игра, па ирамнија на 2-2 но во продолженија со два играчи помалку изгубија 2-4. Точка на мечот стави Рикардо Сапонара со оваа убавина од лоб, негов втор гол на мечот.
Фудбалерите на Специја првпат во својата долга долга историја, се изборија да бидат дел од најдоброто и најбогатото друштво на италијанскиот фудбалски крем.