22 годишниот Салваторе Еспозито го закопа Милан на 5 минути до крај со совршено изведен слободен удар за голема победа над ланскиот италијански првак од 2:0.
Росонерите се во многу лош момент во финишот на сезоната.
Во вторник треба да играат реванш полуфинале од ЛШ против разиграниот Интер кој има предност од 2:0, а истовремено во првенство да ја бркаат четвртата позиција.
Таму се петти со 61 бод, Лацио е четврти со 65, а Интер и Јуве имаат по 66, со тоа што Старата дама денеска го пречекува Кремонезе.
По крајот на мечот Пиоли и играчите беа на строј кај ултрасите и внимателно го слушаа водачот на групата.
„Не поттикнаа и стимулираа да го дадеме најдоброто од себе“, изјави Пиоли после поразот.
По мечот со Интер во ЛШ, Милан игра дома со Сампдорија која веќе е испадната.
Milan ultras having a word with the team after their defeat to Spezia earlier 😳
— Italian Football TV (@IFTVofficial) May 13, 2023
Thoughts on this? pic.twitter.com/HBU3NmB6V8