ПАОК го совлада АЕК на гости со 2:3 и тоа после негатива од 2:0. Пресвртот го најави Јанис Константелиас, кој постигна мајсторски, но истовремено и многу тежок гол во трк, со трите потребни елементи, прием, дриблинг и гол.
Во 11. коло од грчката Суперлига се судрија големите градски ривали од Солун, ПАОК и Арис. Гостинските фудбалери одиграа подобар фудбал и во 42’ минута од мечот поведоа со 0-1 со голот на Даниел Мансини. Ама следеше позната епизода од грчките стадиони.
Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.
Она што му се случи на 24-годишниот Нишлија, некогашен бисер на белградски Партизан е само доказ колку фудбалот е необична игра во која некогаш не се пресудни моќта и парите.
Грчки ПАОК просто се помири со судбината цела вечност во квалификациите за Лига на шампиони да игра против Ајакс или Бенфика. Веќе ни сами не знаат колку пати низ годиниве од стотици други клубови на ждрепките, секогаш им паѓа холандскиот или португалскиот клуб. И пак им падна.
Група навивачи на ПАОК решиле да го прекршат полицискиот час кога е забрането какво било движење, со цел пред својата матична трибина да го прослават 94-от роденден на нивниот сакан клуб.
Ултрасите на ПАОК станаа ултра досадни и банални со истиот транспарент, кој веќе со години го вадат на стадион, а УЕФА е па ултра строга или се прави дека е строга кога ќе зебележи расистички или политички испади на фудбалски натпревар. Овие вторите секоја година ги има на мегдан во Солун и упорно се прават на Тошо. Кај се казните? Да не им треба превод?
Откако трет пат во само неколку години им паѓа холандскиот шампион Ајакс во квалификациите за Лига на шампиони, луѓето кои го водат твитер профилот имаа интересна порака до сама УЕФА.
Фудбалерите на ПАОК конечно успеаа да разбијат монотонија малце во грчкиот шампионат каде само во последниве 23 години Олимпијакос освои 19 титули во домашното првенство. ПАОК стигна до третата титула во својата историја на која чекаше од 1985-та година. Солун не спиеше.
Паок од Солун vs Аек од Атина. Речиси едно вековно дерби на кое се случило и видело сè и сешто, ама не и ова. Не за џабе се вели дека фудбалот е еднаков за сите. Браво, кој знае со каков ќеиф го правеле ова.
Играш дерби од типот на Олимпијакос - ПАОК, инаку број 169-то во историјата во кое најзабранетата опција ти е да го загубиш, а ти го решаваш со трагедија од автогол. Епа нема полошо сценарио. Како само успеа да го направи ова Јагош Вуковиќ кој на душа ќе го носи сега цела сезона.
Во првото коло од групната фаза на Лига Европа вечерва Челси со 0-1 го совлада грчки ПАОК чии навивачи одново без проблем ја извадија националистичката парола за Македонија.
И поради лоша организација на мечот од 3. квалификациско коло за ЛШ против Спартак Москва - нападнати руски новинари, употреба на ласер при изведување на пенал за гостите и уште неколку дела.
Хаосот во грчкиот фудбал продолжува откако раководните луѓе на лигата решија да му одземат три бода на солунскиот клуб кој брка титула после цели 29 години. Во меѓувреме во Пиреа нереди на навивачите на Олимпијакос кој мислат дека властите го помагаат ПАОК.
Политичар и бизнисмен кој во минатото служел војска во Советската армија. Важи за 30-ти најбогат човек на светот кој го спаси ПАОК од гаснење во 2012. Необично, не зборува грчки јазик иако 30 години живее во Солун.
По гангстерското однесување на газдата на ПАОК кој се шеташе како шериф на терен со пиштол, владата донесе одлука сите натпревари од првата грчка лига да бидат во прекин на неодредено време.
На денот на клучниот меч против АЕК, грчкиот сојуз му ја укина казната на Паок од три бода после што вечерва меѓусебниот дуел АЕК го почна со 54 бода, а Паок со 52 пред преполниот стадион „Тумба“.
ПАОК како ретко кога на крајот од јануари и натаму е во трката за шампионскиот трофеј. Синоќа славеше 3-0 над Аполон Смирнис, а момент на мечот беше кога судијата го исклучи гостинскиот играч Фонси Надалес што извел слободен удар пред неговата свирка.
Анонимниот навивач го бодри ПАОК, а жената со која го дели креветот навива за Олимпијакос. Учеството во тепачка вели дека знае да делува релаксирачки, ама ако се одвива на право место. Најголемата глупост која ја направил е кога скршил шише од главата на еден навивач, од кој потоа добил извинување.
По сериозните најави, инциденти меѓу грчките и германските навивачи се случиле ден пред мечот ПАОК - Шалке кој заврши 0-3. Група германски хулигани нападнале гости во солунско кафуле и рушеле сè пред себе.
Во 2013-та грчкиот ПАОК и германскиот Шалке играа квалификации за ЛШ а тогаш Германците извадија македонско знаме и ги испровоцираа гостите. Ждрепката пак ги спои двата тима и во Солун има страв од нови нереди.
Првиот полуфинален меч од грчкиот куп меѓу ПАОК и Олимпијакос е прекинат во 89-та минута поради судир на домашните навивачи со полицијата на теренот. Претседателот на ПАОК ја повлекол екипата и нема да патуваат на реваншот во Пиреа.